Попаметно доживување со Android TV

Пребарувајте ги омилените апликации брзо и едноставно, само со разговарање и без чекање.

Над 5000 апликации, најмногу од сите телевизори

Пронајдете повеќе во Google Play store

Извонредно доживување со Netflix

Препорачано од Netflix
Netflix ги препорачува телевизорите со Android TV

Netflix ви нуди лесен начин на препознавање телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и функции што го подобруваат телевизорот. Со Netflix recommended TV ќе уживате во популарни серии и филмови преку наменско копче и гласовна контрола.

Netflix Calibrated Mode
Врвен квалитет со Netflix Calibrated Mode

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Dolby Vision и Dolby Atmos
Добијте максимално доживување со Dolby

Одредени телевизори со Android TV се компатибилни со Dolby Vision® и Dolby Atmos® и нудат неверојатно доживување при гледањето и звук што целосно ќе ве опкружи.

Едноставна контрола на повеќе уреди преку паметен далечински управувач
Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI со паметниот OLED-телевизор и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Може да се користи со Apple AirPlay / Apple
Испраќајте содржини на поголем екран со Chromecast built-in

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.

Лого за Chromecast built-in