Донесете ја забавата во кујната, спалната или апартманот со нашите LED телевизори од 81 см(32 инчи). Уживајте во екранот со Full HD или HD Ready резолуција, извонреден звук и функции како прегледување социјални медиуми и режим за фудбал во живо. Дури и игрите добиваат нов интензитет кој ќе ве внесе во случувањата како никогаш досега.
Белите LED светилки зад екраните на нашите телевизори од 81 см (32 инчи) ја пренесуваат светлината до секој агол на екранот и создаваат неверојатен контраст. Сликите изгледаат пореално. Јасното зголемување на резолуцијата го намалува шумот за остра и јасна слика со подобра перцепција на длабочина.
Од вечерни вести до филмски хитови на Blu-ray™, сè изгледа подобро со X-Reality Pro™. Моќниот процесор во нашите LED телевизори од 81 см (32 инчи) го намалува шумот и ја разубавува секоја слика до последната точка за врвен квалитет на сликата. Дури и проследувањето видеоснимки и фотографии од вашиот паметен телефон е подобрено и подетално.
Воспоставувањето контрола е лесно со далечинскиот управувач за забава на еден допир за нашите телевизори од 81 см (32 инчи). Со помош на интуитивниот интерфејс на BRAVIA, овој моќен далечински управувач го олеснува пребарувањето на каналите, фотографиите, видеоснимките и содржините на интернет.