Прескокни до содржина
ТЕЛЕВИЗОРИ

Телевизори од 216 до 254 см (85 до 100 инчи)

Ако барате одлична забава, тука се нашите телевизори со голем екран. Со 4K резолуција, опкружувачки звук и интерактивни функции - тие никогаш не разочаруваат.

Одберете го најдоброто во домашната забава

Овие телевизори со голем екран не се воздржуваат – тие едноставно нудат сè, од извонреден квалитет на сликата до реалистичен звук и паметна технологија. Без разлика што гледате, ќе уживате во доживување при гледањето што возбудува во секој аспект.

Реалистични слики со телевизорите со голем екран на Sony
Маж гледа во телевизорот од 216 см (85 инчи) на Sony

Телевизорот во главна улога

Со еден од нашите телевизори од 216 см (85 инчи) во дневната соба, вашиот дом ќе се исполни со пријатели и членови на семејството нестрпливи да го искусат изгледот на огромниот екран со 4K резолуција. Режимот за фудбал во живо ги носи случувањата пред вас, а опкружувачкиот звук го збогатува доживувањето со голема моќ.

Големата слика никогаш не изгледала подобро

4K резолуцијата, поддржана со напредна технологија на обработка, нуди неверојатни детали со 8 милиони точки на нашите телевизори со голем екран. Секоја слика е преработена со повеќе детали, реалистичната текстура и јасност.

4K резолуцијата има четири пати повеќе детали од Full HD
Телевизор со голем екран од Sony со функција за споделување на екран

Светот ви е на дофат со само едно кликнување

Со интелигентната технологија на телевизорите од 216 см (85 инчи), никогаш нема да гледате сами. Разговарајте преку Skype со семејството додека го гледате омилениот филм со функцијата за прегледување социјални медиуми или вклучете режим за фудбал во живо за да се поврзете со другите за време на натпреварот.

Светлите бои оживуваат

Извлечете го најдоброто од секоја боја со TRILUMINOS™ екранот на нашите телевизори од 216 см (85 инчи). Виножитото од тонови дава интензитет, а X-tended Dynamic Range длабочина на темните нијанси, притоа осветлувајќи го екранот. 4K X-Reality PRO™ ги подобрува сите содржини кои ги гледате до 4K квалитет.

Живописни бои на телевизорите од 216 до 254 см (85 до 100 инчи) од Sony
Далечински управувач за телевизор со голем екран од 216 см (85 инчи) од Sony

Контролирајте ги медиумите со еден допир

Прелистувајте филмови, видеоснимки и слики на телевизорите со голем екран со далечинскиот управувач за забава на еден допир или станете дел од случувањата со брзото активирање. Стабилниот дизајн во вид на клин нуди доволно простор за напреден аудио систем.