Прескокни до содржина
ТЕЛЕВИЗОРИ

Телевизори од 190 до 203 см (75 до 80 инчи)

Откријте ја иднината на забавата со нашите LED телевизори од 190 до 203 см (75 до 80 инчи). Квалитетот на сликата достигнува нови височини, а лесното поврзување овозможува споделување содржини со едно кликнување.

Еден телевизор, безброј можности 

Подобреното доживување при гледањето е стандард кај LED телевизорите од 190 см (75 инчи). Извонредната 4K графика, реалниот звук и храбриот дизајн внесуваат реалистичност во сè што гледате и слушате. Возбудливата интерактивност ја претвора дневната соба во најсовремен центар за забава.

Монтиран LED телевизор од 190 см (75 инчи) на Sony

Ништо повеќе нема да изгледа исто

4K технологијата нуди четири пати повеќе детали од Full HD и овозможува извонреден квалитет на сликата кај нашите LED телевизори од 190 см (75 инчи). Со текстура и детали од над 8 милиони точки, сè што гледате, од игри до емисии, добива нова јасност.

4K резолуцијата има четири пати повеќе детали од Full HD

Боја со интензитет

Боите оживуваат со нашите LED телевизори од 190 см (75 инчи). TRILUMINOS™ екранот ги засилува нијансите за виножито од тонови, од силна црвена до зелена. 4K X-Reality PRO™ нуди 4K квалитет, a темните бои добиваат нова длабочина благодарение на X-tended Dynamic Range.

Јасна слика со LED телевизорите од 190 см (75 инчи) на Sony
Далечински управувач за телевизори од 190 до 203 см (75 до 80 инчи) од Sony

Забавата ви е на дофат

Пристапете до омилени емисии, филмови или интернет содржини со далечинскиот управувач на телевизорите од 190 см (75 инчи), или пребарувајте сѐ додека не најдете содржина за гледање. Уникатниот дизајн во вид на клин е доволно тенок за да се постави насекаде и овозможува дополнителен простор за моќен звучник.