Прескокни до содржина
ТЕЛЕВИЗОРИ

Телевизори од 165 до 178 см (65 до 70 инчи)

Истражете ги нашите LED телевизори од 165 до 178 см (65 до 70 инчи) за да откриете возбудлива комбинација на технологии за врвен квалитет на сликата и звукот и интерактивни функции.

Футуристички дизајн на LED телевизорите од 165 до 178 см (65 до 70 инчи) на Sony

Идеален за домашно кино

Сакате да поставите систем за домашно кино? Нашите телевизори од 165 см (65 инчи) нека ви бидат прв чекор. Со можноста за 3D, опкружувачки звук и режим за фудбал во живо, тие ќе ви овозможат многу часови интерактивна забава со семејството и пријателите.

Следниот чекор во квалитетот на сликата

Со нашите LED телевизори од 165 см (65 инчи) во 4К резолуција ќе гледате квалитетна слика. Напредната технологија на обработка ги подобрува ситните детали и текстурите добиваат нов интензитет. Топлите светилки зад екранот нудат светлина од едниот до другиот агол, а неосветлените предели исчезнуваат.

4K резолуцијата има четири пати повеќе детали од Full HD
Споделување на екранот со телевизорот од 165 см (65 инчи) на Sony

Поврзете се во секој поглед

Паметните телевизори се паметна идеја. Поврзете се со светот со нашите телевизори од 165 см (65 инчи) и уживајте во сè, од проследување твитови до споделување слики со вашите најблиски. Копнеете по возбуда? Земете ги 3D очилата и навлезете во нова димензија на забава со слики што отскокнуваат од екранот.

Бои кои се истакнуваат

Уживајте во приказот на TRILUMINOS™ екранот на LED телевизорите од 165 см (65 инчи) и боите полни со интензитет. Моќниот X-tended Dynamic Range™ ги подобрува сликите, а X-Reality PRO™ го подобрува контрастот и текстурата, овозможувајќи реалистична и квалитетна слика.

Јасна слика со LED телевизорите од 165 см (65 инчи) на Sony
Одличен звук со телевизорите од 165 до 178 см (65 до 70 инчи) на Sony

Иновативен дизајн во комбинација со моќен звук

Користете го далечинскиот управувач за да пребарувате филмови, емисии и да сурфате на интернет со притиснување на едно копче. Уникатната форма во вид на клин на телевизорите од 165 см (65 инчи) нуди стабилност и го зголемува капацитетот на звучниците.