Прескокни до содржина
ТЕЛЕВИЗОРИ

BRAVIA телевизори од 127 см (50 инчи)

Зголемете ја возбудата со најдобрите телевизори од 127 см (50 инчи). Од кристално чист квалитет на сликата до лесно поврзување, тие имаат сѐ што ви е потребно за подобро уживање при гледањето.

Нурнете се во деталите

Телевизорите од 127 см (50 инчи) ги истакнуваат деталите во сè што гледате. Full HD екранот ја прави сликата остра и чиста, без разлика дали гледате научна фантастика на Blu-ray™ или видеоснимка од паметен телефон. Погледнете ги омилените слики на голем екран – со богати текстури и остри линии, тие ќе имаат сосема нов, свеж изглед.

Слики со богати детали на најдобрите телевизори од 127 см (50 инчи) од Sony
Акциони филмови на LED телевизори од 127 см (50 инчи) на Sony

Отворете ја вратата на забавата

Дневната соба станува центар за забава со LED телевизорите од 127 см (50 инчи). На возбудата ѝ нема крај благодарение на големиот број функции, од Full HD екранот до Режим за фудбал во живо. Контролата е лесна со далечинскиот управувач на допир, така што можете веднаш да пребарувате фотографии или да гледате филмови.

Уживајте во режимот за фудбал

Радост за фудбалските фанови: паметните телевизори од 127 см (50 инчи) вклучуваат Режим за фудбал во живо. Поставките за звукот се прилагодуваат автоматски, внесувајќи го татнежот од публиката во дневната соба, а интерфејсот проследува новости и најважни моменти од интернет.

Извонредни функции на паметниот телевизор од 127 см (50 инчи) од Sony
Пар кој ужива во ClearAudio на телевизор од 127 см (50 инчи) од Sony

Звук кој инспирира

Зголемете ја јачината на звукот и уживајте во неверојатниот звук со нашите најдобри телевизори од 127 см (50 инчи). ClearAudio+ ги подобрува високите и ниските тонови, а зумирањето на глас го подобрува дијалогот. S-Force Front Surround ја комплетира сликата, исполнувајќи ја собата со моќен звук.

Поостра, почиста слика

Слабиот квалитет на сликата е минато со X-Reality Pro™. Овој процесор кој се наоѓа во телевизорите од 127 см (50 инчи) ги обработува сликите и го намалува шумот. Тој исто така функционира и со различни медиуми, подобрувајќи го изгледот на видеоснимките и содржините од паметните телефони, како и на ТВ емисиите и Blu-ray™ дисковите.

LED телевизор од 127 см (50 инчи) од Sony со остра слика
Далечински управувач за паметни телевизори од 127 см (50 инчи) на Sony

Само едно повлекување со прстот

Далечинскиот управувач на допир, кој се испорачува со паметните телевизори од 127 см (50 инчи), ви нуди контрола. Со помош на копчето истражете го светот на филмовите, музиката, програмите и интернетот. BRAVIA интерфејсот ве води, а со помош на Брз почеток ќе можете веднаш да ја погледнете вашата омилена емисија.