Прескокни до содржина
ТЕЛЕВИЗОРИ

Телевизори од 107 до 117 см (42 до 46 инчи)

Нурнете се во светот на возбудливи функции со нашите телевизори од 107 см (42 инчи). Подобрениот квалитет на сликата и звукот го извлекуваат најдоброто од она што го гледате, слушате и споделувате. 

Сè што ќе посакате

Дали ви требаат најновите функции од телевизори со голем екран и димензии кои заштедуваат простор? Паметните телевизори од 107 см (42 инчи) содржат многу функции за врвно доживување при гледањето. Од Full HD квалитет до опкружувачки звук и проследување видеоснимки, тие ви нудат сè што посакувате.

Одлични функции на паметниот телевизор од 107 см (42 инчи) на Sony
Full HD слика на LED телевизор од 107 см (42 инчи) на Sony

Откријте го совршенството со мал екран

Донесете ја возбудливата забава во детската соба, спалната соба или станот со нашите телевизори од 107 см (42 инчи). Уживајте во функции како Full HD квалитет на слика, моќен звук и проследување видеоснимки во димензии кои не се преголеми.

Совршена осветленост

Зачекорете во светлината со LED телевизорите од 107 см (42 инчи). Белите светилки зад екранот ја осветлуваат сликата и го зголемуваат контрастот. Филмовите, емисиите и сликите изгледаат живописно и реално, а суптилните детали добиваат нова димензија.

Паметни телевизори од 107 см (42 инчи) на Sony со јасна слика
3D филм на телевизор од 107 см (42 инчи) од Sony

Паметен начин за гледање

Земете ги 3D очилата и гледајте како сликите отскокнуваат од екранот со нашите паметни телевизори од 107 см (42 инчи). Гледајте го натпреварот и уживајте во новостите и најдобрите моменти со режимот за фудбал во живо, или користете ја функцијата за споделување фотографии за да разменувате слики со пријателите и семејството.

Подобра слика, поголем избор

Сè што гледате на паметните телевизори од 107 см (42 инчи) се врши преку X-Reality PRO™ за намален шум и подобрен квалитет на сликата. Преземањето контрола врз содржините е едноставно со далечинскиот управувач за забава на еден допир кој ви го олеснува наоѓањето на вашата омилена програма, филм или серија на интернет. 

Одлична графика на видеоигри на LED телевизор од 107 см (42 инчи)
Пар ужива во звукот од LED паметен телевизор од 107 см (42 инчи)

Моќта на звукот

Слушнете ја моќта на напредната технологија за звук кај нашите LED телевизори од 107 см (42 инчи). Сите содржини се подобруваат со ClearAudio+ за поголемо издвојување и јасност. Функцијата за зумирање на глас го поставува дијалогот во преден план, а S-Force Front Surround ве опкружува со реален звук.