Потполно црни слики. Прекрасно усогласен звук. Тоа е OLED од Sony.

OLED-телевизорите нудат одлична слика со чисти црни тонови и живописни бои. OLED од Sony, со помош на уникатната технологија за квалитет на слика, нуди и реалистичност, фини детали, прекрасен звук што ги следи случувањата и минималистички дизајн. 

Чистите црни тонови ја истакнуваат длабочината 

На OLED-екраните, милиони самоосветлувачки точки се контролираат независно. Бидејќи секоја точка се активира и исклучува целосно, разликата помеѓу светлите и темните тонови е многу поголема, со неверојатно длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови. Попрецизни детали и повеќе длабочина и текстури во темните сцени.

Kонтраст и бои прилагодени од Sony за поголема длабочина и реалистичност

XR OLED Contrast Pro кај OLED-телевизорите BRAVIA XR™ ја анализира човечката перспектива и ги засилува боите и контрастот во светлите површини за да добиете нивоа на контраст на црните тонови и максимална светлина што досега едноставно не беше можно да се создадат. Гледајте слики со реална длабочина помеѓу субјектот и заднината. Деталите се остро дефинирани, дури и во површини со темни сенки или одблесоци. Нашиот Cognitive Processor XR™ ги подобрува сликите уште повеќе користејќи когнитивна интелигенција за да ја направи сликата да изгледа исто како што нашите очи го перципираат светот.

Детали од папагал на LCD-екран со задно осветлување по рабовите
LCD-екран со задно осветлување по рабовите
Детали од папагал на стандарден OLED-екран
Стандарден OLED-екран
Детали од папагал на OLED-екран од Sony со Pixel Contrast Booster
OLED од Sony со XR OLED Contrast Pro
Слика од диносауруси што покажува како технологијата Acoustic Surface Audio™ репродуцира звук од соодветното место на екранот
Звучник во екранот, звук како во кино 

Со Acoustic Surface Audio, звукот се репродуцира од екранот на OLED-телевизорите од Sony, а притоа се врши прецизно усогласување на звукот што го слушате и сликата што ја гледате, за поголемо уживање при гледањето. Слушајте звук од соодветно место. 

Сцена од дневна соба што го прикажува ефектот на опкружувачки звук со XR Surround
Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Сите содржини што ги гледате ќе добијат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR. Подобрувањето со XR Surround создава опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.