Потполно црни слики. Прекрасно усогласен звук. Тоа е OLED од Sony.

OLED-телевизорите нудат одлична слика со чисти црни тонови и живописни бои. OLED од Sony, со помош на уникатната технологија за квалитет на слика, нуди и реалистичност, фини детали, прекрасен звук што ги следи случувањата и минималистички дизајн. 

Чистите црни тонови ја истакнуваат длабочината 

На OLED-екраните, милиони самоосветлувачки точки се контролираат независно. Бидејќи секоја точка се активира и исклучува целосно, разликата помеѓу светлите и темните тонови е многу поголема, со неверојатно длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови. Попрецизни детали и повеќе длабочина и текстури во темните сцени.

Kонтраст и бои прилагодени од Sony за поголема длабочина и реалистичност

Sony детално ги прилагоди OLED-телевизорите со уникатни технологии што ќе го направат вашето доживување навистина прекрасно, богато и незаборавно. Pixel Contrast Booster ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да уживате во сцени исполнети со реални тонови и нијанси, поголема длабочина, врвни текстури и потполно црниот контраст што може да го понуди само OLED. Нашите моќни процесори X1 уште повеќе ја подобруваат сликата со помош на напредни алгоритами за намалување на шумот и оптимизирање на боите, контрастот и јасноста.

Детали од папагал на LCD-екран со задно осветлување по рабовите
LCD-екран со задно осветлување по рабовите
Детали од папагал на стандарден OLED-екран
Стандарден OLED-екран
Детали од папагал на OLED-екран од Sony со Pixel Contrast Booster
OLED од Sony со Pixel Contrast Booster
Звучник во екранот, звук како во кино 

Звукот се репродуцира директно од екранот на OLED-телевизорите од Sony, а притоа се врши прецизно усогласување на звукот што го слушате и сликата што ја гледате заради уште поголемо уживање при гледањето. Слушајте го звукот од соодветното место. 

Минималистички дизајн во вид на плоча
Уникатно дизајнирани за прекрасно доживување 

Нашиот OLED-телевизор со минималистички дизајн во вид на плоча ја оптимизира сликата на екранот и звукот за да ви го понуди најдоброто доживување. Дизајнот во вид на плоча што не го одвлекува вниманието хармонично се вклопува во дневните соби.