OLED-телевизорите нудат одлична слика со чисти црни тонови и живописни бои. OLED од Sony, со помош на уникатната технологија за квалитет на слика, нуди и реалистичност, фини детали, прекрасен звук што ги следи случувањата и минималистички дизајн.
На OLED-екраните, милиони самоосветлувачки точки се контролираат независно. Бидејќи секоја точка се активира и исклучува целосно, разликата помеѓу светлите и темните тонови е многу поголема, со неверојатно длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови. Попрецизни детали и повеќе длабочина и текстури во темните сцени.
XR OLED Contrast Pro кај OLED-телевизорите BRAVIA XR™ ја анализира човечката перспектива и ги засилува боите и контрастот во светлите површини за да добиете нивоа на контраст на црните тонови и максимална светлина што досега едноставно не беше можно да се создадат. Гледајте слики со реална длабочина помеѓу субјектот и заднината. Деталите се остро дефинирани, дури и во површини со темни сенки или одблесоци. Нашиот Cognitive Processor XR™ ги подобрува сликите уште повеќе користејќи когнитивна интелигенција за да ја направи сликата да изгледа исто како што нашите очи го перципираат светот.
Со Acoustic Surface Audio, звукот се репродуцира од екранот на OLED-телевизорите од Sony, а притоа се врши прецизно усогласување на звукот што го слушате и сликата што ја гледате, за поголемо уживање при гледањето. Слушајте звук од соодветно место.
Сите содржини што ги гледате ќе добијат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR. Подобрувањето со XR Surround создава опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАШИТЕ OLED-ТЕЛЕВИЗОРИ BRAVIA XR
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАШИТЕ ДРУГИ OLED-ТЕЛЕВИЗОРИ