ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ
Телевизорот може да биде уметничко дело во животниот простор, елемент во кој корисниците можат да уживаат. Sony ја реализираше таа идеја со нов и иновативен дизајн на телевизори кој внесува чувство на уметност во просторот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Серија A1
Концептот „Дел од животот“ зема елементи што отсекогаш биле дел од замислата за дневни соби и ги реконструира на нови начини за да создаде производи што ќе се усогласат со нивното опкружување. Сакавме да допреме до сржта на таа централно идеја. Сакавме да создадеме естетиката на телевизори која е поинаква од стандардниот мебел и внатрешен дизајн. Како резултат го добивме дизајнот во вид на плоча - пристап кој обединува даден производ во една плоча и му придодава природна елеганција за корисниците да го доживеат како уметничко дело. Ги отфрливме стандардните протоколи за дизајн на телевизори. За да создадеме дизајн што ќе го трансформира животниот простор, формата на телевизорот треба да ја претвориме во уметничко дело.
Уметноста нуди многу повеќе од визуелна привлечност - им нуди доживување на гледачите. Тоа беше основната идеја за дизајнот на овој нов телевизор. Кога започнавме да формулираме концепти за едноставна и минималистичка естетика за дизајнот во вид на плоча, одлучивме да користиме OLED екран и да ги вградиме сите функции во самиот екран за да ја елиминираме потребата од звучници, рамка или држач. Звукот го вградивме во екранот користејќи нова технологија за звук што генерира звук преку вибрации во самиот екран, со што ги обединивме визуелното и звучното доживување во една плоча. Телевизорот требаше да изгледа елегантно и природно дури и монтиран на ѕид, па затоа ја задржавме минималната структура со примарна плоча со екран и плоча за потпирање на задната страна. Тоа е сè што опфаќа дизајнот. Слика, звук и естетика - кога ќе ги обедините тие компоненти во едно, ќе добиете сè што ви е потребно. Тоа е најдоброто доживување што го нуди дизајнот во вид на плоча.
Во потрага по најдобрата едноставност за најдоброто доживување
Наша задача беше да смислиме како да го создадеме најдоброто доживување при гледањето. Прашањето што си го поставивме беше едноставно: што му е најпотребно на екранот? Моравме да создадеме потполно нова форма што ќе биде поинаква од стандардната структура со држач и рамка за да можеме одново да го дефинираме сеопфатното доживување. Ако го промениме изгледот на телевизорите, тогаш можеби ќе го промениме и начинот на кој луѓето го замислуваат животниот простор, па дури и нивното секојдневие. За да ја направиме таа естетска трансформација избравме комбинација со максимална едноставност и најдобро доживување при гледањето. Со овој дизајн луѓето ќе можат да истражуваат нови можности за обликување на просторот во кој живеат.
Tako, главен уметнички директор
Концептот во вид на плоча ги елиминира сите додатни елементи во дизајнот на телевизорот, овозможувајќи им на корисниците да уживаат во гледањето потполно. За да го реализираме минималистичкиот дизајн одлучивме одново да ја изработиме целата структура на телевизорот. Со вградување на супстратот и приклучоците во задната потпорна плоча, компоненти кои најчесто се сместени на задната страна на телевизорот, создадовме потенок профил на екранот. Стаклената површина, пак, ја зацврстува структурата и создава прекрасна стаклена завршна обработка. Изгледот во вид на плоча е ист од секоја гледна точка. Создадовме најтенка можна плоча за да ги прикриеме рабовите - дури и гледано од остар/тап агол. Друг важен фактор беше закосувањето на екранот кое го прилагодивме со цел екранот да стои под природен агол и да им овозможи удобно доживување при гледањето на корисниците. Со обединување на сите различни елементи во еден дизајн без додатоци, телевизорот претставува многу повеќе од уметничко дело со елегантна силуета. Неговата естетика ви овозможува да го поставите секаде во просторијата - не само во агол - и да го усогласите во секоја конфигурација, независно дали е на ѕидот или на рамна површина.
Контрастни материјали извлечени од животниот простор
Уникатниот спој од слика и звук на телевизорот требаше да биде компатибилен со животниот простор. Тоа значеше правилен избор на сите детали, вклучувајќи ги и материјалите. За обложување на страните на екранот со алуминиум пронајдовме совршена комбинација од боја и хемиско средство за полирање која создаде сјај што се усогласи со стаклениот материјал. Тимот се погрижи и за звучниците со вибрации, сместени во средината на црната површина, за да се добие оптимален звук и да се оформи хоризонтална лента со алуминиумот - карактеристика во дизајнот која не само што ја зголемува цврстината на телевизорот, туку и го прави производот потенок. За потпората искористивме текстилен материјал контрастен на стаклото, со мека визуелна текстура. Материјалот има и функционална примена - го придушува басот од сабвуферот во задниот панел за да се добие подлабок звук. Со употреба на различни материјали кои се веќе присутни во животниот простор, почнувајќи од текстил и стакло па сè до алуминиум, телевизорот природно се вклопува во своето опкружување.
Со идејата за дизајн во вид на плоча знаевме дека најважна е едноставноста. Обликот требаше да биде едноставен, а исто така и деталите. Земајќи ги предвид сите различни елементи во дизајнот на телевизорот, оптимизирањето на дизајнот беше тешко. Нам ни беше тешко да пронајдеме соодветен баланс помеѓу различните материјали, да ги усогласиме текстурите, да вградиме сабвуфер во тенка конфигурација и да создадеме одлична и практична структура за организирање на каблите на задната страна. Тука усогласувањето беше најважно - дизајнерите и инженерите се обединија за да ги надминат сите предизвици и да создадат телевизор со идеален дизајн.
Kuwao, дизајнер
Слика, звук и изглед - тоа е сè. Новиот дизајн на Sony го сведува концептот за телевизори на спој од функционалност и естетичка едноставност, создавајќи уникатно доживување при гледањето. Исто како што уметничките дела ги обликуваат галериите, така и дизајнот во вид на плоча го менува односот помеѓу телевизорите и просторот.