ZH8

Неверојатно реална 8K-слика со прекрасен звук

Зачекорете во прекрасниот свет на големите екрани со детали во 8K и гледајте слики што се прецизно усогласени со звукот од екранот. Тенкиот дизајн во вид на плоча ќе ви овозможи да уживате во акцијата.

ТЕЛЕВИЗОРИ

ZH8 | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

ZH8 Series

Слика од ZH8 | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

189 cm (75”)|215 см (85")

Најдобри карактеристики

#слика

Поголем екран. Повеќе 8K-детали. Поубава слика.

Нашиот моќен процесор ги истакнува врвните детали и длабочината на овој 8K-телевизор, без разлика што гледате. Гледајте подлабоки црни тонови и посветли бели тонови на телевизор со Full Array LED со локално затемнување.

Музички концерт што прикажува хармонија од звук и слика

Звук и слика во хармонија - рамката е всушност звучник 

Слушајте звук од соодветното место на екранот преку звучниците вградени во рамката. Поставеноста на звучниците поблиску до центарот на екранот овозможува хармонија на сликата и звукот.

Минималистички дизајн во вид на плоча

Голем екран дизајниран за прекрасна слика 

Овој 8K LED-телевизор со минималистички дизајн во вид на плоча и тенка рамка ви нуди забава во 8K во вашиот дом. Уживајте во вашата забава без пречки.

ДРУГИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Побрз пристап до забавата што ја сакате

Поголем екран. Повеќе 8K-детали. Поубава слика.

Нашиот моќен процесор ги истакнува врвните детали и длабочината на овој 8K-телевизор, без разлика што гледате. Гледајте подлабоки црни тонови и посветли бели тонови на телевизор со Full Array LED со локално затемнување.

Неверојатна резолуција без разлика што гледате

Сите содржини може да се подобрат приближно до реалистичната 8K-резолуција со уникатните функции од Sony. Нашиот X1™ Ultimate, кој е двојно побрз од X1™ Extreme, прецизно ги анализира и обработува податоците за да создаде 8K-слики со четирипати поголема резолуција од 4K и да ги збогати сцените со длабочина, текстура и детали. Дури и сликите снимени во 4K и 2K се подобруваат приближно до 8K со помош на 8K X-Reality™ PRO што користи уникатна 8K-база на податоци. Потоа резолуцијата на сите предмети се оптимизира со Object-based Super Resolution за да се добијат приближно реални текстури. 

Добијте прецизно контролиран и реален контраст

Генерирањето светлина на 8K-екран е тешко поради малата стапка на пренос. Овој 8K-телевизор прецизно го балансира приказот на светлина низ целиот екран за да ги збогати сцените со исклучителен контраст. Со независно активирање на зоните со LED-светилки, Full Array LED нуди пореалистичен контраст преку осветлување на светлите делови и затемнување на темните делови. 8K X-tended Dynamic Range™ PRO го подобрува контрастот уште повеќе со прилагодување на светлината на светлите тонови со отсјај и длабоките црни тонови во сенките.

LCD-екран со задно осветлување по рабовите

LCD-екран со задно осветлување по рабовите

Екран со стандардно Full Array LED-осветлување

Стандардно Full Array LED-осветлување

Екран со Full Array LED од Sony со X-tended Dynamic Range PRO

Full Array LED од Sony со 8K X-tended Dynamic Range PRO



Лево: задно осветлување, Десно: екран

Две кануа на езеро на изгрејсонце

Боите и контрастот стануваат пореалистични

Object-based HDR remaster

Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и контрастот им се прилагодува, за разлика од други телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Предметите се преработуваат посебно и телевизорот прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

Прикажува поширока и попрецизна палета на бои

Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.

Балони што ја прикажуваат широката палета на бои со TRILUMINOS
Како X-Wide Angle ги задржува боите кога гледате од страна

Прекрасни бои од сите страни

Страничното гледање телевизија нуди подеднакво задоволство како и централното гледање. Оригиналниот оптички дизајн X-Wide Angle-панел од Sony за контрола на светлината на задното осветлување овозможува приказ на реални бои, без разлика од каде гледате.

Како X-Motion Clarity ги осветлува и изострува сцените со брзи движења

Динамичките сцени се светли и јасни

На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата најнова технологија X-Motion Clarity™ овозможува сè да биде јасно, светло и остро. Секое „трепкање“ се контролира посебно и неговото времетраење се оптимизира, а светлината се зголемува по потреба - за да не пропуштите ништо.

Вратете се назад до најдобрите функции

Звук и слика во хармонија - рамката е всушност звучник 

Слушајте звук од соодветното место на екранот преку звучниците вградени во рамката. Поставеноста на звучниците поблиску до центарот на екранот овозможува хармонија на сликата и звукот.

Слушајте звук од соодветното место на екранот

Звукот кај стандардните телевизори со звучник поставен под екранот најчесто не е синхронизиран со сликата. Acoustic Multi-Audio™ користи вибрирачки високотонец во рамката што овозможува звукот да ги следи случувањата и да создаде прекрасно доживување. Независните засилувачи се контролираат посебно за прецизно позиционирање на звукот на овој звучник во опсегот на високи тонови, подобрувајќи го звучниот притисок и стабилноста за поголема реалистичност.

Режимот за централен звучник нуди појасни дијалози, вокали и инструменти

Централен уред за прекрасен звук

Користете го вашиот телевизор BRAVIA како централен звучник и слушајте дијалози, вокали и инструменти со исклучителна јасност. Треба само да го поврзете вашиот систем за домашно кино за да уживате во прекрасно доживување како во кино.

Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos® 

Опкружете се со звук како да сте дел од случувањата. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.

Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos
S-Force Front Surround создава систем од повеќе звучници за опкружувачки звук

Добијте повеќедимензионален звук со S-Force Front Surround

Слушајте го звукот како да се репродуцира од повеќе звучници за опкружувачки звук. S-Force Front Surround може виртуелно да создаде систем од повеќе звучници за опкружувачки звук во вашиот телевизор за да уживате во повозбудлив и подобар звук.

Слушајте јасни гласови

Функцијата за зумирање на глас ви овозможува да слушате јасни дијалози без да ја зголемувате јачината на звукот - идеално за вести и документарни филмови.

Слушајте јасни гласови опцијата за зумирање на глас

Вратете се назад до најдобрите функции

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во најдоброто можно доживување при гледањето. Уникатната технологија на Sony за амбиентално оптимизирање автоматски ги прилагодува сликата и звукот според вашето опкружување.

Светлина прилагодена за вашата соба

Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој 8K-телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.

Сензор за осветленост ја намалува светлината во темни простории
СВЕТЛИНАТА СЕ НАМАЛУВА ВО ТЕМНА ПРОСТОРИЈА
Сензор за осветленост ја зголемува светлината во светли простории
СВЕТЛИНАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА ВО СВЕТЛА ПРОСТОРИЈА

Звук што е скроен за вашата забава

Доживувањето на звукот може да се промени во зависност од опкружувањето во собата. Завесите, на пример, го апсорбираат звукот, а предметите пред телевизорот го попречуваат движењето на звукот, со што се намалува квалитетот на тоа што го слушате. Овој телевизор ги открива предметите и репродуцира звук што е подобрен и оптимизиран според вашата соба.

Вратете се назад до најдобрите функции

Голем екран дизајниран за прекрасна слика 

Овој 8K LED-телевизор со минималистички дизајн во вид на плоча и тенка рамка ви нуди забава во 8K во вашиот дом. Уживајте во вашата забава без пречки.

Погледнете како нашиот прекрасен дизајн ќе ве задлабочи во забавата

Повлекување
Страничен приказ на телевизор со тенка рамка

Тенка алуминиумска рамка

Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот. 

Слика одблиску од дискретниот држач

Дискретен држач, две положби

Нашиот дискретен држач ќе стои дискретно на полицата и нема да го наруши вашето доживување при гледањето. Со опцијата за широко и тесно поставување може да го користите на големи и мали полици.

Детали за организирањето на каблите

Минимален неред од кабли

Држачите за кабли уредно ги кријат каблите, при што телевизорот изгледа уредно од сите страни.

Вратете се назад до најдобрите функции

Лесен пристап и начин на живеење

Со лесниот пристап до сите ваши омилени содржини, услуги и уреди, нашите паметни телевизори со Android го олеснуваат животот.

Сè што ви е потребно е вашиот глас

Семејство пребарува забава на Android TV

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања. 

Повеќе апликации од сите други паметни телевизори

Повеќе од 5000 апликации, повеќе од сите други паметни телевизори

Паметниот телевизор со Android од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.

Нема повеќе чекање со моќниот процесор

Нема повеќе чекање

Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.

  • Netflix Calibrated Mode
  • Копче за Netflix

Лесно поврзување со вашите омилени компатибилни уреди

Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон вашиот телевизор директно од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од iTunes, од омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Телевизор Bravia со Apple AirPlay / Apple HomeKit

Вашиот нов паметен живот

Испраќајте содржини на поголем и подобар екран со Chromecast 

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.

Лого за Chromecast built-in

Врвен далечински управувач што е лесен за користење и дење и ноќе

Врвен далечински управувач со ергономски дизајн

Прекрасен дизајн

Нашиот далечински управувач со врвен дизајн од брусен алуминиум и текстура со линии нуди добро чувство при држењето и се хармонизира со вашата дневна соба. Контролирајте го телевизорот дури и ако има пречки до него преку Bluetooth®-врска и управувајте лесно со главните функции.

Врвен далечински управувач со задно осветлување

Осветлениот далечински управувач е видлив во темнина 

Земете го далечинскиот управувач со вградено задно осветлување за да менувате канали и јачина на звукот кога гледате телевизија во темнина.

Едноставна контрола на повеќе уреди преку паметен далечински управувач

Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Вратете се назад до најдобрите функции

Уживајте во содржините на правилен начин 

При дигитална компресија на сликите од филмовите за да се пренесат на телевизорот, квалитетот се намалува и доживувањето не е исто како што замислил режисерот. Уникатните функции ќе ви овозможат забава со врвен квалитет во вашиот дом, така како што замислил режисерот.

Netflix Calibrated mode

Врвен квалитет со Netflix Calibrated Mode

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Семејство гледа филмови
Лого за CalMAN Ready

Зачувување на страста од креаторите на содржини

Овој телевизор го поддржува софтверот CalMAN® за автоматска калибрација од Portrait Displays. На тој начин добивате врвно ниво на калибрација и можност за детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата. Тој овозможува реалистична репродукција на бои и може да се приспособи дури и при најмали промени на боите. Овој телевизор го поддржува софтверот CalMAN® и им овозможува на корисниците да ги искористат придобивките од овој софтвер што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што дополнително ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домовите.

Вратете се назад до најдобрите функции

Спецификации и функции

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот