ТЕЛЕВИЗОРИ

ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

ZG9 Series

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

215 см (85")|248 см (98")

DЕнергетска ознака и информации за производ

2mодели

„Телевизор што нуди реални слики кои ја отсликуваат креативната замисла.“

Награда за најдобар производ на CES 2019

Најдобри карактеристики

Дознајте повеќе за намерата на креаторите во 8K

Погледнете како ја реализиравме намерата на креаторите преку спојување на брилијантноста на 8K HDR со нашата уникатна филозофија MASTER Series. 

Full Array LED

ПОВЕЌЕ LED-СВЕТИЛКИ, ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА, ПОВЕЌЕ КОНТРАСТ

(1) Стандардно осветлување EDGE LED. (2) Full Array LED. Симулирани слики.

Телевизорите со технологијата Full Array LED се осветлени со повеќе LED-светилки поставени директно зад екранот, за разлика од стандардните телевизори со технологијата Edge LED. Ваквата технологија, заедно со технологијата за прецизно локално затемнување на Sony, овозможува независно затемнување или осветлување на различни групи на LED-светилки кај телевизорот за да добиете попрецизен контраст и доживување како во кино.

Ова е 8K од Sony - навистина реално доживување

Зачекорете во светот на 8K од Sony, ексклузивно достапен со нашиот препознатлив процесор X1™ Ultimate. Уживајте во прекрасна забава на големиот екран со четири пати поголема резолуција од 4K и голема светлина што е специјално создаден за 8K. Сликите имаа одлична длабочина, текстура и детали и ќе го исполнат вашето видно поле со ненадмината реалистичност.

Лого за 8K HDR
Лого за X1 Ultimate

Откријте ги скриените детали во 8K

Со 8K X-Reality™ PRO, сликите уште повеќе се подобруваат кон вистинскиот 8K-квалитет со помош на нашата ексклузивна 8K-база на податоци. Сликите се изоструваат и подобруваат во реално време, при што се откриваат детали во архитектурата на зградите што досега беше тешко да се видат.

Погледнете повеќе од сцената со интензивен контраст

Откријте детали во сенките и светлите површини. Одликувајќи се со дваесет пати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 8K HDR-телевизор со 8K X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли. Погледнете како облиците и текстурите се појавуваат во сенките под мостот и под силните светилки на кулата.

Лого за 8K X-tended Dynamic Range PRO
Лого за Backlight Master Drive

Слики и звук во совршена хармонија

Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси. 

Sound-from-Picture Reality™

Нашиот систем Acoustic Multi-Audio™ содржи четири звучници насочени нанапред што создаваат реален звук. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.

Режим за централен звучник

Централен уред за прекрасен звук

Користете го вашиот телевизор BRAVIA како централен звучник и слушајте дијалози, вокали и инструменти со исклучителна јасност. Треба само да го поврзете вашиот систем за домашно кино за да уживате во прекрасно доживување како во кино.

Голем екран, динамичко доживување

Овој 8K HDR-телевизор од Sony е дизајниран за неверојатно уживање во слика на голем екран. Со извонредните слики ќе се чувствувате како дел од случувањата.

  • X-Wide Angle
  • X-Motion Clarity
  • Калибриран режим на Netflix
  • Копче за Netflix
  • Бесплатна пробна верзија
Реално доживување како во кино

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Совршено дизајнирани за прекрасно доживување при гледањето

Сите детали во овој дизајн максимално го зголемуваат квалитетот на сликата и звукот за да создадат хармонија како никогаш досега.

Повлекување

Каблите се вешто и уредно скриени

Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли.

Организирање на каблите
Android TV

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој телевизор со Android TV™ од Sony и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Паметен далечински управувач
Спецификации и функции
Направете ја вашата забава пореална со овој MASTER Series 8K HDR-телевизор со процесор за слика X1™ Ultimate и Acoustic Multi-Audio™.
  • Достапни во големина од 215 см (85"), 248 см (98")

  • Висок динамички опсег 8K

  • Процесор за слика X1™ Ultimate

  • X1_BMDIcons_ReadyForDelivery

    Backlight Master Drive™

  • Acoustic Multi-Audio™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот