2 Модели
2 Модели

Година на моделот

Година на моделот

215 см (85")
KD-85ZG9
215 см (85") 
KD-85ZG9

Година на моделот

  • Ø
248 см (98")
KD-98ZG9
248 см (98") 
KD-98ZG9

Година на моделот

  • Ø

Функции

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

MASTER Series

Ние сме посветени во дизајнирањето телевизори што ја отсликуваат замислата на креаторот. Телевизорите MASTER Series ги исполнуваат критериумите на нашите инженери и реално ги прикажуваат сликите. Креаторите можат да бидат креативни и да видат како нивната визија се репродуцира во домот. 

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Слики и звук во совршена хармонија

Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси. 

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Ова е 8K од Sony - навистина реално доживување

Зачекорете во светот на 8K од Sony, ексклузивно достапен со нашиот препознатлив процесор X1™ Ultimate. Уживајте во прекрасна забава на големиот екран со четири пати поголема резолуција од 4K и голема светлина што е специјално создаден за 8K. Сликите имаа одлична длабочина, текстура и детали и ќе го исполнат вашето видно поле со ненадмината реалистичност.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Процесор за слика X1™ Ultimate

Процесорот за слика X1™ Ultimate, со ненадмината моќ за обработка, открива стотици различни предмети на екранот и интелигентно ги подобрува светлината, деталите и боите за да можат сите содржини да изгледаат остри, светли и неверојатно реалистични.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Откријте ги скриените детали во 8K

Со 8K X-Reality™ PRO, сликите уште повеќе се подобруваат кон вистинскиот 8K-квалитет со помош на нашата ексклузивна 8K-база на податоци. Сликите се изоструваат и подобруваат во реално време, при што се откриваат детали во архитектурата на зградите што досега беше тешко да се видат.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Backlight Master Drive™

Backlight Master Drive е технологија за Full-array LED-задно осветлување што претставува комбинација од извонредно густа структура на LED-диоди, врвен алгоритам и оптички дизајн. Оваа технологија, заедно со процесорот за слика X1™ Ultimate, нуди неверојатно длабоки црни тонови, прекрасни светли тонови и поживописни бои. 

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Погледнете повеќе од сцената со 8K X-tended Dynamic Range™ PRO  

Откријте детали во сенките и светлите површини. Одликувајќи се со дваесет пати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 8K HDR-телевизор со 8K X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли. Погледнете како облиците и текстурите се појавуваат во сенките под мостот и под силните светилки на кулата.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Sound-from-Picture Reality™

Нашиот систем Acoustic Multi-Audio™ содржи четири звучници насочени нанапред што создаваат реален звук. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Режим за централен звучник на телевизорот: Централен уред за прекрасен звук

Користете го вашиот телевизор BRAVIA како централен звучник и слушајте дијалози, вокали и инструменти со исклучителна јасност. Треба само да го поврзете вашиот систем за домашно кино за да уживате во прекрасно доживување како во кино.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Голем екран, динамичко доживување

Овој 8K HDR-телевизор од Sony е дизајниран за неверојатно уживање во слика на голем екран. Со извонредните слики ќе се чувствувате како дел од случувањата.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

X-Wide Angle: Живописни нијанси на бои од секој агол на гледање

Гледајте живописни и реални бои, дури и странично, на овој 8K HDR-телевизор. Нашата технологија X-Wide Angle ви овозможува да уживате во реалните нијанси и тонови на екранот TRILUMINOS™ од сите агли.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Сите моменти се неверојатно остри со X-Motion Clarity™

Нашата технологија X-Motion Clarity овозможува јасни и остри динамички движења. Подвижните слики се контролираат прецизно за да се минимизира заматувањето. Дури и во сцените со брзи движења, сликите остануваат реални и немаат загуби во светлината.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Врвен квалитет со калибрираниот режим на Netflix

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со калибрираниот режим на Netflix се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Совршено дизајнирани за прекрасно доживување при гледањето

Сите детали во овој дизајн максимално го зголемуваат квалитетот на сликата и звукот за да создадат хармонија како никогаш досега.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Каблите се вешто и уредно скриени

Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Кажете што ќе посакате да видите со гласовното пребарување

Трошете помалку време за пребарување, а повеќе време за гледање. Гласовното пребарување со Android TV™ ви ја нуди моќта на пребарување на Google, овозможувајќи ви да пронаоѓате содржини од различни услуги без да трошите време за внесување текст. Може да добиете и препораки: ако побарате „романтични комедии“ на пример, ќе добиете листа со соодветни опции. 

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Clear Phase за рамномерни и балансирани фреквенции

BRAVIA™ користи моќен компјутерски модел за анализа и компензација на неправилностите во одзивот на звучникот. Тоа се врши преку „семплирање“ на фреквенцијата на звучникот со поголема прецизност. Информациите се враќаат назад за да ги поништат ненадејните зголемувања или намалувања во стандардниот одзив на звучникот – резултирајќи со чист и природен звук и рамномерна репродукција на сите фреквенции.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги сите преку еден паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со вграден микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за навистина едноставно користење.  

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

TRILUMINOS™ екран: Повеќе бои, повеќе брилијантност

Гледајте живописни и реални бои насекаде околу вас. Екранот TRILUMINOS™ има поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

S-Force Front Surround како во кино

Уживајте во прекрасно звучно поле кое ќе ве внесе директно во центарот на случувањата. S-Force Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Object-based Super Resolution

Нашите телевизори со технологија Object-based Super Resolution ги откриваат предметите во сликата и ги зачувуваат деталите на екранот. Се препознаваат стотици предмети и нивната резолуција се подобрува индивидуално за да се добие исклучително прецизна и детална слика.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Поврзување преку Bluetooth®

Поврзете уреди компатибилни со BLUETOOTH® со вашиот телевизор за едноставна и безжична забава. Впарете ги вашите слушалки што поддржуваат Bluetooth® со BRAVIA и уживајте во серии и музика на омиленото место - без пречки или прекини.  

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Object-based HDR remaster

Со HDR преработка на предметите, боите на предметите на екранот се анализираат и нивниот контраст се прилагодува, за разлика од повеќето телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Бидејќи предметите се преработуваат посебно, овој телевизор прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Super Bit Mapping HDR

Ви нудиме илјадници тонови, нијанси и градации на светлина во зајдисонцата. Super Bit Mapping HDR ќе ви ги прикаже сите. Тој создава јасна и природна слика со 8K квалитет во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Dual database processing

Едната база на податоци се користи за чистење на сликата и намалување на шумот на екранот. Втората се користи за зголемување на резолуцијата и зголемување на острината. Овие две бази на податоци за подобрување на сликата работат заедно за динамичко подобрување на точките во реално време. Двете бази на податоци имаат десетици илјади референтни слики, собрани од филмовите и содржините што ги создаваме за телевизија во изминатите години.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Chromecast built-in: Одлично се усогласува со другите ваши уреди

BRAVIA™ поддржува Chromecast built-in за проследување на вашата омилена забава, како YouTube™ или Netflix, од вашиот личен уред на прекрасниот екран на BRAVIA™. Може да проследувате од Android™, iOS™ или од вашиот лаптоп.

Слика од ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Google Play™: Цел свет на содржини и апликации

Откријте филмови и ТВ емисии, игри и многу повеќе од Google Play™. Уживајте во огромен избор на апликации, чиј број сè повеќе се зголемува, на потполно поинаков начин на вашиот телевизор.