ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
215 см (85")|248 см (98")
ZG9 | MASTER Series | Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
ПОВЕЌЕ LED-СВЕТИЛКИ, ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА, ПОВЕЌЕ КОНТРАСТ
(1) Стандардно осветлување EDGE LED. (2) Full Array LED. Симулирани слики.
Телевизорите со технологијата Full Array LED се осветлени со повеќе LED-светилки поставени директно зад екранот, за разлика од стандардните телевизори со технологијата Edge LED. Ваквата технологија, заедно со технологијата за прецизно локално затемнување на Sony, овозможува независно затемнување или осветлување на различни групи на LED-светилки кај телевизорот за да добиете попрецизен контраст и доживување како во кино.
Зачекорете во светот на 8K од Sony, ексклузивно достапен со нашиот препознатлив процесор X1™ Ultimate. Уживајте во прекрасна забава на големиот екран со четири пати поголема резолуција од 4K и голема светлина што е специјално создаден за 8K. Сликите имаа одлична длабочина, текстура и детали и ќе го исполнат вашето видно поле со ненадмината реалистичност.
Со 8K X-Reality™ PRO, сликите уште повеќе се подобруваат кон вистинскиот 8K-квалитет со помош на нашата ексклузивна 8K-база на податоци. Сликите се изоструваат и подобруваат во реално време, при што се откриваат детали во архитектурата на зградите што досега беше тешко да се видат.
Откријте детали во сенките и светлите површини. Одликувајќи се со дваесет пати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 8K HDR-телевизор со 8K X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли. Погледнете како облиците и текстурите се појавуваат во сенките под мостот и под силните светилки на кулата.
Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси.
Нашиот систем Acoustic Multi-Audio™ содржи четири звучници насочени нанапред што создаваат реален звук. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.
Користете го вашиот телевизор BRAVIA како централен звучник и слушајте дијалози, вокали и инструменти со исклучителна јасност. Треба само да го поврзете вашиот систем за домашно кино за да уживате во прекрасно доживување како во кино.
Овој 8K HDR-телевизор од Sony е дизајниран за неверојатно уживање во слика на голем екран. Со извонредните слики ќе се чувствувате како дел од случувањата.
Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Сите детали во овој дизајн максимално го зголемуваат квалитетот на сликата и звукот за да создадат хармонија како никогаш досега.
Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој телевизор со Android TV™ од Sony и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.
Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените во содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот