ZF9| MASTER Series | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
ZF9 Series
164 см (65")|189 cm (75”)
ZF9| MASTER Series | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
Најдобри карактеристики
Погледнете како го усовршивме квалитетот на сликата
Погледнете како го споивме нашиот најмоќен процесор со технологиите за слика на MASTER Series за да создадеме возбудливо и забавно доживување кај овој паметен телевизор со Android.
Беспрекорна реалистичност
Процесорот за слика X1™ Ultimate, со ненадмината моќ за обработка, открива стотици различни предмети на екранот и интелигентно ги подобрува светлината, деталите и боите за да можат сите содржини да изгледаат остри, светли и неверојатно реалистични.
Живописни нијанси на бои од секој агол на гледање
Гледајте живописни и реални бои, дури и странично, на овој телевизор со широк агол. Нашата технологија X-Wide Angle ви овозможува да уживате во реалните нијанси и тонови на TRILUMINOS-екранот од сите агли.
Откривање на деталите преку врвен контраст
Уживајте во убави ноќни снимки исполнети со прекрасни бели и длабоки црни тонови. Одликувајќи се со дванаесет пати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 4K Ultra HD-телевизор со X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли.
Сите движења се неверојатно остри
Нашата технологија X-Motion Clarity™ овозможува јасни и остри динамички движења. Подвижните слики се контролираат прецизно за да се минимизира заматувањето. Дури и во сцените со брзи движења, сликите остануваат реални и немаат загуби во светлината.
Добијте звук како во кино со звучник во вид на лента
Впарете го телевизорот со овој звучник во вид на лента и уживајте во звук како во кино. Dolby Vision™ внесува живописни бои во сцените за пореално доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Говорот е забавен начин за истражување нови светови
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Дизајниран за да ви го задржи вниманието во сликата
Нема пречки, само прекрасни слики. Тенката алуминиумска рамка со врвен дизајн ќе ви го насочи вниманието кон екранот, а каблите ќе бидат вешто скриени на задната и предната страна.
Netflix ги препорачува нашите 4K телевизори со Android
Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со телевизорите што ги препорачува Netflix ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.
Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема? Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот