BRAVIA XR MASTER Series Z9J

Врвен 8K-реализам, опремен со човечка интелигенција

Погледнете колку може да се доближите до реалноста со големиот екран на овој 8K-телевизор во кој е вграден нашиот револуционерен Cognitive Processor XR™.

ТЕЛЕВИЗОРИ

Z9J | BRAVIA XR | MASTER Series| Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

Z9J Series
Слика од Z9J | BRAVIA XR | MASTER Series| Full Array LED | 8K | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

189 cm (75”)|215 см (85")

Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.

Првиот телевизор во светот со когнитивна интелигенција

Нашиот телевизор BRAVIA XR™ нуди ново ниво на слика и звук со уникатниот Cognitive Processor XR. Тој разбира како гледаат и слушаат луѓето за да создаде потполно ново доживување што ќе ве внесе целосно во сцената.

Реални 8K-слики, исто како што гледа човечкото око

Уживајте во длабоки, природни и реални 8K-слики. Нашиот револуционерен процесор користи анализа од човечка перспектива за вкрстена анализа на стотици илјади елементи во една секунда. Во комбинација со прецизноста на екранот со Full Array LED, сликите се реални и имаат длабоки црни и извонредно светли тонови.

Претворете ги сите звуци во прекрасно доживување

Напредната технологија на звучници и нашиот Cognitive Processor XR ги претвораат сите звуци во прекрасно аудио доживување. Задлабочете се во опкружувачки звук како во кино и прецизно позиционирање на звукот. Уживајте во забавата на потполно нов начин со совршена хармонија од слики и звук.

Пристапете до илјадници филмови и серии со вашиот глас

Користете го гласот за брзо да ги пронајдете содржините што сакате да ги гледате. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или добијте препораки со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите со BRAVIA XR

Добивате 10 филмови, 24 месеци неограничено проследување.*

Важат правила и услови. * Може да го добиете само Bloodshot.

Рециклирај. Обнови. Намали.

Нашите телевизори BRAVIA XR не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина. За задните капаци на нашите модели со голем екран се користи одржлив материјал до 40%.

XR Picture
Детали од цвеќиња со дискретни нијанси и тонови на ливчињата
Широка палета на природни и прекрасни бои

Гледајте бои што се природни и убави за човечкото око. Cognitive Processor XR му овозможува на нашиот уникатен екран да прикаже поширока палета на бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Со зголемениот опсег на тонови и заситување, во цвеќињата ќе забележите живописни нијанси и реални текстури. Дури и бледите бои изгледаат реални.

Реална длабочина со длабоки црни тонови и силна светлина

Уживајте во револуционерен контраст, исто како во реалноста. Cognitive Processor XR анализира податоци и ги подобрува сликите на ист начин како што фокусира човечкото око. Со XR Contrast Booster, светлите површини се посветли и темните површини се потемни - нема повеќе детали прекриени со сенки или изгубени во премногу светлите површини. 

Слика на екранот што прикажува екстремен контраст и реална длабочина
Слика одблиску од орел што ја прикажува острината на 8K
Обновување на изгубените 8K-текстури, на интелигентен начин

Добијте забава со приближна резолуција до 8K со подобрување на квалитетот до 8K со XR. Нашиот Cognitive Processor XR обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики. Гледајте детали во природно дефинирани пердуви и остро дефинирани канџи. 

Интелигентна обработка на движењата за остри брзи движења

Sporta pārraižu un dinamisku filmu skatīšanās pieredze tikko kļuva ievērojami labāka. Mūsu kognitīvais procesors (Cognitive Processor XR) ar XR Motion Clarity™ tehnoloģiju analizē datus, lai attēli plūstu vienmērīgi, būtu spilgti un skaidri.

Слика од сурфер со остри детали во бранот
Прекрасни слики на целиот екран

Сликите на екранот со X-Wide Angle™ изгледаат прекрасно од сите агли за да можат сите да уживаат во одличното доживување независно каде седат. А благодарение на X-Anti Reflection, сликите се многу појасни и рефлектираат помалку светлина.

Слики од горната страна на автомобил на патот на посебни телевизори, каде што се гледаат придобивките од панелот X-Wide Angle.
X-Wide Angle™
Слики од град на рид во темнина на посебни телевизори, каде што се гледаат придобивките од X-Anti Reflection.
X-Anti Reflection
Дознајте за технологиите за слика
 
XR-звук
Слика од пејач на концерт
Рамката е звучник, а звукот одговара на случувањата

XR Sound Position нуди реален звук што одговара на сликата за да создаде реално аудио доживување. Звукот што се репродуцира од високотонецот во рамката на овој 8K-телевизор BRAVIA XR прецизно ги следи случувањата за да создаде прекрасно доживување. Сабвуферите насочени нанапред создаваат моќен бас, независно каде е поставен телевизорот.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Сите содржини што ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук со BRAVIA XR. XR Surround репродуцира опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.

Сцена од дневна соба што го прикажува ефектот на опкружувачки звук со XR Surround
Жена на улица со многу луѓе каде што е прикажано како Voice Zoom 2 го прави говорот полесен за слушање
Voice Zoom™2 ги подобрува гласовите и создава јасни дијалози

Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина. 

Откријте технологии за звук
 
Функции на паметните телевизори
Зголемете ги омилените содржини од телефонот

Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.

Слика што прикажува проследување содржини од паметен телефон кон телевизор
Слика што прикажува дека сите поврзани уреди може да се контролираат преку еден паметен далечински управувач
Контролирајте ги вашите уреди со еден далечински управувач

Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.

Откријте повеќе паметни функции
 
Дизајн
Минималистички дизајн - потполно уживање без пречки

Минималистичкиот дизајн во вид на плоча го обвиткува екранот со стакло што изгледа природно, елегантно и ве фокусира на сликата. Телевизорот нуди прекрасна слика и звук, независно дали е поставен на држач или на ѕид.

Изгледот може да се разликува според големината на телевизорот.

Повлекување
Слика од 3-насочниот држач со повеќе положби
Елегантен 3-насочен држач за различно поставување на телевизорот

3-насочниот држач со повеќе положби ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата, потесно поставување за помали полици и поставување за звучник во вид на лента што е идеално за вашиот систем за звук.

Слика одблиску од дизајнот со рамна површина
Рамна метална површина за пореална слика

Металната рамка со врвен изглед е многу тесна, па затоа вашите очи ќе се фокусираат на сликата, а не околу неа.

Слика од задната страна на телевизорот што прикажува организирање на каблите
Врвна убавина, без неред

Држачите за кабли уредно ги кријат каблите, при што телевизорот изгледа уредно од сите страни.

Детали од далечинскиот управувач од брусен алуминиум со задно осветлување
Управувач од брусен алуминиум со задно осветлување

Далечинскиот управувач со врвен дизајн од брусен алуминиум и текстура со линии нуди добро чувство при држењето и е видлив во темнина.

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата технологија за амбиентално оптимизирање со сензори за светлина и бои автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.

Уживајте во забавата, така како што ја замислил креаторот

Одликувајќи се со технологии како Netflix Calibrated Mode, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. А благодарение на поддршката за Calman Ready, креаторите може да го користат и за уредување снимени материјали.  

Лого за помошна технологија
Помошна технологија на Google TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.

Спецификации и функции

Доближете се до реалноста со големиот екран на овој 8K-телевизор во кој е вграден нашиот револуционерен Cognitive Processor XR™.

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот