-Hifi
XH95
Подобрениот контраст и дизајнот со тенка рамка овозможуваат прекрасно гледање од сите агли. Прецизно усогласените слики и звук ви овозможуваат да ги слушате звуците од точното место на екранот.
XH95
Подобрениот контраст и дизајнот со тенка рамка овозможуваат прекрасно гледање од сите агли. Прецизно усогласените слики и звук ви овозможуваат да ги слушате звуците од точното место на екранот.
123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")
„…ова најверојатно е најдобриот квалитет на слика што досега сме го виделе на 4K LCD-телевизор.“
„Доделена на 55XH95. Важи само за моделите од 55/65/75 инчи“
Истиот моќен процесор, што го користиме за нашите 8K-телевизори, ги анализира податоците за да ги подобри боите, контрастот и острината. Откријте повеќе детали во сенките со телевизор со Full Array LED-екран и добијте пореални слики од секој агол со помалку заматување.
X-Wide Angle е достапен кај модели од 55" и повеќе.
Високотонците за позиционирање на звукот ја оптимизираат локацијата на звукот на екранот за да слушате прецизно контролиран и висококвалитетен звук од соодветното место на сцената.
Acoustic Multi-Audio е достапен кај модели од 55" и повеќе. X-balanced speaker е достапен кај телевизори со големина на екран од 55" и 75".
Тенкиот и рамен дизајн со дискретен држач и тенка рамка ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата.
ДРУГИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Истиот процесор, што го вградуваме во 8K-телевизорите, ги анализира податоците за да ги подобри боите, контрастот и острината. Откријте повеќе детали во сенките со Full Array LED-екран и добијте реални слики од секој агол.
Откријте колку реални можат да бидат сликите кога ќе ги истакнете ситните детали. Со независно активирање на зоните со LED-светилки, Full Array LED нуди пореалистичен контраст преку осветлување на светлите делови и затемнување на темните делови. X-tended Dynamic Range™ PRO го подобрува контрастот уште повеќе со прилагодување на светлината на светлите тонови со отсјај и длабоките црни тонови во сенките.
Лево: задно осветлување, Десно: екран
Object-based HDR remaster
Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и контрастот им се прилагодува, за разлика од други телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Предметите се преработуваат посебно и телевизорот прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.
Содржините може да се подобрат до 4K-резолуција со уникатните функции од Sony. X1™ Ultimate, кој е двојно побрз од X1™ Extreme, ги анализира и обработува податоците за да ги подобри 4K-сликите со реални детали и текстури. Дури и сликите снимени во 2K и Full HD се подобруваат приближно до 4K со 4K X-Reality™ PRO што користи 4K-база на податоци. Потоа резолуцијата на сите предмети се оптимизира со Object-based Super Resolution за да се добијат приближно реални текстури.
Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.
Страничното гледање телевизија е подеднакво добро како и централното гледање. Панелот X-Wide Angle од Sony за контрола на светлината на задното осветлување овозможува приказ на реални бои, независно од каде гледате.
Функцијата е достапна кај телевизори од 55" и поголеми.
На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата најнова технологија X-Motion Clarity™ овозможува сè да биде јасно, светло и остро. Секое „трепкање“ се контролира посебно и неговото времетраење се оптимизира, а светлината се зголемува по потреба - за да не пропуштите ништо.
Вратете се назад до најдобрите функции
Високотонците за позиционирање на звукот ја оптимизираат локацијата на звукот на екранот за да слушате прецизно контролиран и висококвалитетен звук од соодветното место на сцената.
Звукот кај стандардните телевизори со звучник поставен под екранот најчесто не е синхронизиран со сликата. Acoustic Multi-Audio™ користи два високотонци за позиционирање на звукот што се поставени на задната страна на телевизорот и овозможуваат звукот да ги следи случувањата и да создаде прекрасно доживување. Независните засилувачи се контролираат посебно за прецизно позиционирање на звукот од звучниците во опсегот на високи тонови, подобрувајќи го звучниот притисок и стабилноста за поголема реалистичност.
Acoustic Multi Audio е достапен кај модели од 55" и повеќе. Контролата на независните засилувачи е можна кај телевизори со големина на екран од 55" и 75".
Дизајниран да го надополни квалитетот на звукот и тенкиот дизајн на телевизорот со својата уникатна нова форма, нашиот X-balanced speaker ќе ги збогати филмовите и музиката со јасен звук.
Оваа функција е достапна кај телевизорите со големина на екран од 55" до 75".
Квалитетот на звукот е добар, но дизајнот на телевизорот не е тенок
Квалитетот на звукот е намален поради тенкиот дизајн на телевизорот
Висококвалитетен звук од телевизор со ултра тенок дизајн
Опкружете се со звук како да сте дел од случувањата. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.
Слушајте го звукот како да се репродуцира од повеќе звучници за опкружувачки звук. S-Force Front Surround може виртуелно да создаде систем од повеќе звучници за опкружувачки звук во вашиот телевизор за да уживате во повозбудлив и подобар звук.
Функцијата за зумирање на глас ви овозможува да слушате јасни дијалози без да ја зголемувате јачината на звукот - идеално за вести и документарни филмови.
Вратете се назад до најдобрите функции
Опуштете се и уживајте во најдоброто можно доживување при гледањето. Уникатната технологија на Sony за амбиентално оптимизирање автоматски ги прилагодува сликата и звукот според вашето опкружување.
Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.
Доживувањето на звукот може да се промени во зависност од опкружувањето во собата. Завесите, на пример, го апсорбираат звукот, а предметите пред телевизорот го попречуваат движењето на звукот, со што се намалува квалитетот на тоа што го слушате. Овој 4K Ultra HD-телевизор ги открива предметите и репродуцира звук што е подобрен и оптимизиран според вашата соба.
Вратете се назад до најдобрите функции
Тенкиот и рамен дизајн со дискретен држач и тенка рамка ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата.
Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот.
Нашиот дискретен држач ќе стои дискретно на полицата и нема да го наруши вашето доживување при гледањето. Со опцијата за широко и тесно поставување може да го користите на големи и мали полици.
Држачите за кабли уредно ги кријат каблите, при што телевизорот изгледа уредно од сите страни.
Вратете се назад до најдобрите функции
Откријте 400.000+ филмови и серии на едно место. Контролирајте го телевизорот со вашиот глас и гледајте содржини од вашиот паметен телефон на телевизорот.
Добијте огромен избор на филмови, серии, музика, игри, спорт и многу повеќе со Android TV. Кажете му на вашиот BRAVIA која е вашата омилена забава, а потоа опуштете се и уживајте. А благодарение на Chromecast built-in, ќе можете да користите апликации за мобилни уреди преку телевизорот.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Паметниот телевизор со Android од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.
Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Вратете се назад до најдобрите функции
При дигитална компресија на сликите од филмовите за да се пренесат на телевизорот, квалитетот се намалува и доживувањето не е исто како што замислил режисерот. Уникатните функции ќе ви овозможат забава со врвен квалитет во вашиот дом, така како што замислил режисерот.
Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.
Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Овој телевизор го поддржува софтверот Calman за автоматска калибрација од Portrait Displays. На тој начин добивате врвно ниво на калибрација и можност за детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата. Тој овозможува реалистична репродукција на бои и може да се приспособи дури и при најмали промени на боите. Овој телевизор го поддржува софтверот Calman и им овозможува на корисниците да ги искористат придобивките од овој софтвер што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што дополнително ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домовите.
Вратете се назад до најдобрите функции
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот