XH90

Врвен контраст со Full Array LED и звук како во кино

Погледнете ги скриените детали во сенките и светлите површини и слушајте го звукот на соодветното место на екранот. Овој минималистички 4K Ultra HD-телевизор е идеален за гледање на омилените филмови.

ТЕЛЕВИЗОРИ

XH90 / XH92 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

XH9005 / XH9077 / XH9096 / XH9288 / XH9299 Series
Слика од XH90 / XH92 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")|silverblack

AЕнергетска ознака и информации за производ

15mодели

Награден производ
Лого за HDTVtest Recommended Best Value
Наградата е доделена на 75''
Лого за Tech Radar Editor's Choice
„Живописната слика, врвниот квалитет и ветувањето за HDM1 2.1 го прават XH9005/X900H соодветен за секаква намена - невозможно да го игнорирате“
4 најдобри функции
Побрз пристап до забавата што ја сакате
Подгответе се за PlayStation®5

Започнува нова ера на играњето игри. Добијте 4K-резолуција со 120 fps - новитет што го нуди PS5 со компатибилни BRAVIA-телевизори XH90/92.

Детални слики полни со длабок контраст

Уживајте во филмовите како што замислил режисерот. Нашиот моќен процесор го подобрува контрастот за да гледате повеќе детали во сите сцени. 

Уживајте во прецизноста на реалниот контраст

Откријте колку реални можат да бидат сликите кога ќе ги истакнете ситните детали. Со независно активирање на зоните со LED-светилки, Full Array LED нуди пореалистичен контраст преку осветлување на светлите делови и затемнување на темните делови. X-tended Dynamic Range™ го подобрува контрастот уште повеќе со прилагодување на светлината на светлите тонови со отсјај и длабоките црни тонови во сенките.

LCD-екран со задно осветлување по рабовите
LCD-екран со задно осветлување по рабовите
Екран со стандардно Full Array LED-осветлување
Стандардно Full Array LED-осветлување
Екран со Full Array LED од Sony со X-tended Dynamic Range PRO
Full Array LED од Sony со X-tended Dynamic Range



Лево: задно осветлување, Десно: екран

Две кануа на езеро на изгрејсонце
Боите и контрастот стануваат пореалистични

Object-based HDR remaster

Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и контрастот им се прилагодува, за разлика од други телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Предметите се преработуваат посебно и телевизорот прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

4K X-Reality™ PRO
Одлична резолуција без разлика што гледате

Гледајте прекрасни 4K-слики со реални детали и текстури, благодарение на 4K HDR-процесорот X1™. Резолуцијата на сликите снимени во 2K и Full HD ќе се зголеми приближно до 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.  

Прикажува поширока и попрецизна палета на бои

Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.

Балони што ја прикажуваат широката палета на бои со TRILUMINOS
Како X-Motion Clarity ги осветлува и изострува сцените со брзи движења

1. X-Motion Clarity 2. Стандарден телевизор

Динамичките сцени се светли и јасни

На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата најнова технологија X-Motion Clarity™ овозможува сè да биде јасно, светло и остро. Секое „трепкање“ се контролира посебно и неговото времетраење се оптимизира, а светлината се зголемува по потреба - за да не пропуштите ништо.

Netflix Calibrated Mode
Врвен квалитет со Netflix Calibrated Mode

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција со ист квалитет како во филмско студио преку Android TV со Netflix. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Семејство гледа филм
Подобрете ја сликата што ја гледате со Dolby Vision™

Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом. 

Вратете се назад до најдобрите функции

Звук и слика во хармонија - дискретно вграден високотонец

Високотонците за позиционирање на звукот ја оптимизираат локацијата на звукот на екранот за да слушате прецизно контролиран и висококвалитетен звук од соодветното место на сцената. 

Одлично усогласени слики и звук

Звукот кај стандардните телевизори со звучник поставен под екранот најчесто не е синхронизиран со сликата. Acoustic Multi-Audio™ користи два високотонци за позиционирање на звукот што се поставени на задната страна на телевизорот и овозможуваат звукот да ги следи случувањата и да создаде прекрасно доживување.

Слушајте висококвалитетен звук 

Дизајниран да го надополни квалитетот на звукот и тенкиот дизајн на телевизорот со својата уникатна нова форма, нашиот X-balanced speaker ќе ги збогати филмовите и музиката со јасен звук.

Стандарден заоблен звучник
Стандарден заоблен звучник

Квалитетот на звукот е добар, но дизајнот на телевизорот не е тенок

Тенок овален звучник
Тенок овален звучник

Квалитетот на звукот е намален поради тенкиот дизајн на телевизорот

X-balanced Speaker
X-balanced Speaker

Висококвалитетен звук од телевизор со ултра тенок дизајн

Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos
Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos® 

Опкружете се со звук како да сте дел од случувањата. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.

Вратете се назад до најдобрите функции

Минималистички дизајн за да уживате во сликата

Тенката алуминиумска рамка ќе ви го насочи вниманието кон екранот за да добиете прекрасно доживување при гледањето, како во кино. Таа го прави телевизорот да изгледа луксузно.

Погледнете како нашиот прекрасен дизајн ќе ве задлабочи во забавата
Повлекување
Страничен приказ на телевизор со извонредно тенка рамка
Тенка алуминиумска рамка

Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот. 

Слика одблиску од дискретниот држач
Дискретен држач, две положби

Нашиот дискретен држач ќе стои дискретно на полицата и нема да го наруши вашето доживување при гледањето. Со опцијата за широко и тесно поставување може да го користите на големи и мали полици.

Слика одблиску од минималистичкиот држач
Минималистички држач, дизајниран за хармонија

Тенкиот метален држач има минималистички изглед и одлично се вклопува во современите простории.

Вратете се назад до најдобрите функции

Лесен пристап и начин на живеење

Со лесниот пристап до сите ваши омилени содржини, услуги и уреди, нашите 4K-телевизори со Android TV го олеснуваат животот.

Уживајте во неограничена забава

Добијте огромен избор на филмови, серии, музика, игри, спорт и многу повеќе со Android TV. Кажете му на вашиот BRAVIA која е вашата омилена забава, а потоа опуштете се и уживајте. А благодарение на Chromecast built-in, ќе можете да користите апликации за мобилни уреди преку телевизорот.

Сите ваши омилени содржини и услуги за неколку секунди
Семејство пребарува забава на Android TV
Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Повеќе апликации од сите други паметни телевизори
Повеќе од 5000 апликации, повеќе од сите други паметни телевизори

4K Android TV од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.

Нема повеќе чекање со моќниот процесор
Нема повеќе чекање

Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.

Лесно поврзување со вашите омилени компатибилни уреди
Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Телевизор Bravia со Apple AirPlay / Apple HomeKit
Вашиот нов паметен живот

Испраќајте содржини на поголем и подобар екран со Chromecast 

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.

Лого за Chromecast built-in
Далечински управувач што е лесен за користење
Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Едноставна контрола на повеќе уреди преку паметен далечински управувач

Вратете се назад до најдобрите функции

Уживајте во содржините на правилен начин 

При дигитална компресија на сликите од филмовите за да се пренесат на телевизорот, квалитетот се намалува и доживувањето не е исто како што замислил режисерот. Уникатните функции ќе ви овозможат забава со врвен квалитет во вашиот дом, така како што замислил режисерот.

Netflix Calibrated mode
Врвен квалитет со Netflix Calibrated Mode

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Семејство гледа филмови
Лого за CalMAN Ready
Зачувување на страста од креаторите на содржини

Овој телевизор го поддржува софтверот Calman за автоматска калибрација од Portrait Displays. На тој начин добивате врвно ниво на калибрација и можност за детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата. Тој овозможува реалистична репродукција на бои и може да се приспособи дури и при најмали промени на боите. Овој телевизор го поддржува софтверот Calman и им овозможува на корисниците да ги искористат придобивките од овој софтвер што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што дополнително ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домовите.

Вратете се назад до најдобрите функции

Спецификации и функции

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот