Дознајте повеќе >
XH90
Погледнете ги скриените детали во сенките и светлите површини и слушајте го звукот на соодветното место на екранот. Овој минималистички 4K Ultra HD-телевизор е идеален за гледање на омилените филмови.
XH90
Погледнете ги скриените детали во сенките и светлите површини и слушајте го звукот на соодветното место на екранот. Овој минималистички 4K Ultra HD-телевизор е идеален за гледање на омилените филмови.
139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")|silverblack
Уживајте во филмовите како што замислил режисерот. Нашиот моќен процесор го подобрува контрастот за да гледате повеќе детали во сите сцени.
Откријте колку реални можат да бидат сликите кога ќе ги истакнете ситните детали. Со независно активирање на зоните со LED-светилки, Full Array LED нуди пореалистичен контраст преку осветлување на светлите делови и затемнување на темните делови. X-tended Dynamic Range™ го подобрува контрастот уште повеќе со прилагодување на светлината на светлите тонови со отсјај и длабоките црни тонови во сенките.
Лево: задно осветлување, Десно: екран
Object-based HDR remaster
Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и контрастот им се прилагодува, за разлика од други телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Предметите се преработуваат посебно и телевизорот прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.
Гледајте прекрасни 4K-слики со реални детали и текстури, благодарение на 4K HDR-процесорот X1™. Резолуцијата на сликите снимени во 2K и Full HD ќе се зголеми приближно до 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.
Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.
1. X-Motion Clarity 2. Стандарден телевизор
На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата најнова технологија X-Motion Clarity™ овозможува сè да биде јасно, светло и остро. Секое „трепкање“ се контролира посебно и неговото времетраење се оптимизира, а светлината се зголемува по потреба - за да не пропуштите ништо.
Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција со ист квалитет како во филмско студио преку Android TV со Netflix. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.
Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.
Вратете се назад до најдобрите функции
Високотонците за позиционирање на звукот ја оптимизираат локацијата на звукот на екранот за да слушате прецизно контролиран и висококвалитетен звук од соодветното место на сцената.
Звукот кај стандардните телевизори со звучник поставен под екранот најчесто не е синхронизиран со сликата. Acoustic Multi-Audio™ користи два високотонци за позиционирање на звукот што се поставени на задната страна на телевизорот и овозможуваат звукот да ги следи случувањата и да создаде прекрасно доживување.
Дизајниран да го надополни квалитетот на звукот и тенкиот дизајн на телевизорот со својата уникатна нова форма, нашиот X-balanced speaker ќе ги збогати филмовите и музиката со јасен звук.
Квалитетот на звукот е добар, но дизајнот на телевизорот не е тенок
Квалитетот на звукот е намален поради тенкиот дизајн на телевизорот
Висококвалитетен звук од телевизор со ултра тенок дизајн
Опкружете се со звук како да сте дел од случувањата. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.
Вратете се назад до најдобрите функции
Тенката алуминиумска рамка ќе ви го насочи вниманието кон екранот за да добиете прекрасно доживување при гледањето, како во кино. Таа го прави телевизорот да изгледа луксузно.
Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот.
Нашиот дискретен држач ќе стои дискретно на полицата и нема да го наруши вашето доживување при гледањето. Со опцијата за широко и тесно поставување може да го користите на големи и мали полици.
Тенкиот метален држач има минималистички изглед и одлично се вклопува во современите простории.
Вратете се назад до најдобрите функции
Откријте 400.000+ филмови и серии на едно место. Контролирајте го телевизорот со вашиот глас и гледајте содржини од вашиот паметен телефон на телевизорот.
Добијте огромен избор на филмови, серии, музика, игри, спорт и многу повеќе со Android TV. Кажете му на вашиот BRAVIA која е вашата омилена забава, а потоа опуштете се и уживајте. А благодарение на Chromecast built-in, ќе можете да користите апликации за мобилни уреди преку телевизорот.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
4K Android TV од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.
Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
* Апликацијата Apple TV ќе стане достапна наскоро преку автоматско или рачно ажурирање на софтверот на следните телевизори BRAVIA од Sony (www.apple.com/apple-tv-app/devices/) во овие региони (support.apple.com/HT204411). Потребна е претплата на Apple TV+ што подлежи на сопствени правила и услови и за која може да биде потребно плаќање, регистрација и информации од кредитна картичка. Apple TV е регистриран заштитен знак на Apple Inc, регистриран во САД и други земји.
Серии и филмови Apple Original преку Apple TV+.
Само премиум каналите што ги сакате.
Илјадници филмови за купување или изнајмување.
Најдобар начин за гледање телевизија.*
Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.
Вратете се назад до најдобрите функции
При дигитална компресија на сликите од филмовите за да се пренесат на телевизорот, квалитетот се намалува и доживувањето не е исто како што замислил режисерот. Уникатните функции ќе ви овозможат забава со врвен квалитет во вашиот дом, така како што замислил режисерот.
Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.
Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Овој телевизор го поддржува софтверот Calman за автоматска калибрација од Portrait Displays. На тој начин добивате врвно ниво на калибрација и можност за детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата. Тој овозможува реалистична репродукција на бои и може да се приспособи дури и при најмали промени на боите. Овој телевизор го поддржува софтверот Calman и им овозможува на корисниците да ги искористат придобивките од овој софтвер што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што дополнително ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домовите.
Вратете се назад до најдобрите функции
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот