XH85

Прекрасни слики и звук во компактна форма

Убавината на боите и контрастот во 4K заедно со возбудливиот опкружувачки звук на Dolby Atmos™, вградени во компактен и прекрасен дизајн од алуминиум.

ТЕЛЕВИЗОРИ

XH85 | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

XH8505 / XH8577 / XH8599 Series
Слика од XH85 | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

108 см (43”)|123 см (49'')|silverblack

BЕнергетска ознака и информации за производ

5mодели

Совршен за PlayStation®

Користејќи напредни технологии за слика и звук, BRAVIA® од Sony ги прави игрите реални и создава живописни слики со тродимензионален и амбиентален звук.

Најдобри карактеристики
Повеќе бои, контраст и острина
Гледајте убава слика со повеќе бои, контраст, острина

Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои и контраст.

Повеќедимензионалните звучници ќе ве опкружат со звук
Чувствувајте се опкружени со звук

Повеќедимензионалниот звук Dolby Atmos® се распространува над вас и околу вас за да добиете впечаток дека сте дел од случувањата.

Врвен дизајн што одговара на вашата соба
Префинет дизајн што ќе ви одговара

Алуминиумската рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.

Побрз пристап до забавата што ја сакате
Гледајте убава слика со повеќе бои, контраст, острина

Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои и контраст.

Одлична резолуција без разлика што гледате

Гледајте прекрасни 4K-слики, богати со реални детали и текстури, благодарение на нашиот 4K HDR-процесор X1™. Резолуцијата на сликите снимени во 2K, па дури и во Full HD, ќе се зголеми приближно до 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.  

Балони што ја прикажуваат широката палета на бои со TRILUMINOS
Прикажува поширока и попрецизна палета на бои

Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.

Помалку заматување дури и во брзите сцени

На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата технологија Motionflow ги прави движењата јасни и остри преку создавање дополнителни слики што се вметнуваат помеѓу сликите и црните сегменти помеѓу сцените. Какви се резултатите? Помалку заматување и заостанати облици, порамномерни движења. 

Помалку заматување дури и во брзите сцени со Motionflow
Семејство гледа филмови
Подобрете ја сликата што ја гледате со Dolby Vision™

Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.

Вратете се назад до најдобрите функции

Чувствувајте се опкружени со звук

Повеќедимензионалниот звук Dolby Atmos® се распространува над вас и околу вас за да добиете впечаток дека сте дел од случувањата.

Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos™
Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos®

Опкружете се со звук и зачекорете во сцената. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.

Вратете се назад до најдобрите функции

Префинет дизајн што ќе ви одговара

Алуминиумската рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.

Слика под агол од прекрасната завршна обработка со метал
Прекрасна завршна обработка со метал

Овој телевизор има привлечна и метална завршна обработка и изгледа луксузно и префинето - вреден додаток во секоја дневна соба.

Вратете се назад до најдобрите функции

Лесен пристап и начин на живеење

Со лесниот пристап до сите ваши омилени содржини, услуги и уреди, нашите 4K-телевизори со Android TV го олеснуваат животот.

Сите ваши омилени содржини и услуги за неколку секунди
Семејство пребарува забава на Android TV
Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Повеќе апликации од сите други паметни телевизори
Повеќе од 5000 апликации, повеќе од сите други паметни телевизори

4K Android TV од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен. 

Нема повеќе чекање со моќниот процесор
Нема повеќе чекање

Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.

  • Netflix Recommended TV
  • Копче за Netflix
Лесно поврзување со вашите омилени компатибилни уреди
Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Телевизор Bravia со Apple AirPlay / Apple HomeKit
Вашиот нов паметен живот

Испраќајте содржини на поголем и подобар екран со Chromecast 

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.

Лого за Chromecast built-in
Далечински управувач што е лесен за користење
Едноставна контрола на повеќе уреди преку паметен далечински управувач
Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење. 

Вратете се назад до најдобрите функции

Спецификации и функции

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот