XH85
Убавината на боите и контрастот во 4K заедно со возбудливиот опкружувачки звук на Dolby Atmos™, вградени во компактен и прекрасен дизајн од алуминиум.
XH85
Убавината на боите и контрастот во 4K заедно со возбудливиот опкружувачки звук на Dolby Atmos™, вградени во компактен и прекрасен дизајн од алуминиум.
108 см (43”)|123 см (49'')|silverblack
Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои и контраст.
Повеќедимензионалниот звук Dolby Atmos® се распространува над вас и околу вас за да добиете впечаток дека сте дел од случувањата.
Алуминиумската рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.
Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои и контраст.
Гледајте прекрасни 4K-слики, богати со реални детали и текстури, благодарение на нашиот 4K HDR-процесор X1™. Резолуцијата на сликите снимени во 2K, па дури и во Full HD, ќе се зголеми приближно до 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.
Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.
На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата технологија Motionflow ги прави движењата јасни и остри преку создавање дополнителни слики што се вметнуваат помеѓу сликите и црните сегменти помеѓу сцените. Какви се резултатите? Помалку заматување и заостанати облици, порамномерни движења.
Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.
Вратете се назад до најдобрите функции
Повеќедимензионалниот звук Dolby Atmos® се распространува над вас и околу вас за да добиете впечаток дека сте дел од случувањата.
Опкружете се со звук и зачекорете во сцената. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.
Вратете се назад до најдобрите функции
Алуминиумската рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.
Овој телевизор има привлечна и метална завршна обработка и изгледа луксузно и префинето - вреден додаток во секоја дневна соба.
Вратете се назад до најдобрите функции
Откријте 400.000+ филмови и серии на едно место. Контролирајте го телевизорот со вашиот глас и гледајте содржини од вашиот паметен телефон на телевизорот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Добијте огромен избор на филмови, серии, музика, игри, спорт и многу повеќе со Android TV. Кажете му на вашиот BRAVIA која е вашата омилена забава, а потоа опуштете се и уживајте. А благодарение на Chromecast built-in, ќе можете да користите апликации за мобилни уреди преку телевизорот.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
4K Android TV од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.
Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.
Вратете се назад до најдобрите функции
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот