XH80

Живописни и разнобојни слики и звук што ќе ве опкружи

Погледнете колку реална ќе стане забавата кога ќе ги споите боите, контрастот и острината на 4K со прекрасен повеќедимензионален звук. Сето тоа е дизајнирано луксузно.

ТЕЛЕВИЗОРИ

XH80 | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

XH8077 / XH8096 Series
Слика од XH80 | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

108 см (43”)|123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")|silverblack

AЕнергетска ознака и информации за производ

10mодели

Совршен за PlayStation®

Користејќи напредни технологии за слика и звук, BRAVIA® од Sony ги прави игрите реални и создава живописни слики со тродимензионален и амбиентален звук.

3 најдобри функции
Гледајте убава слика со повеќе бои, контраст, острина
Гледајте убава слика со повеќе бои, контраст, острина

Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои и контраст.

Јасен повеќедимензионален звук
Јасен повеќедимензионален звук

Опкружете со јасен и висококвалитетен звук од повеќе димензии за да се чувствувате како дел од случувањата.

X-balanced speaker е достапен кај телевизори од 55" и повеќе.

Префинет дизајн што ќе ви одговара
Префинет дизајн што ќе ви одговара

Тенката рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.

Побрз пристап до забавата што ја сакате
Гледајте убава слика со повеќе бои, контраст, острина

Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои и контраст.

Одлична резолуција без разлика што гледате

Гледајте прекрасни 4K-слики, богати со реални детали и текстури, благодарение на нашиот 4K HDR-процесор X1™. Резолуцијата на сликите снимени во 2K, па дури и во Full HD, ќе се зголеми приближно до 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.  

Балони што ја прикажуваат широката палета на бои со TRILUMINOS
Прикажува поширока и попрецизна палета на бои

Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.

Помалку заматување дури и во брзите сцени

На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата технологија Motionflow ги прави движењата јасни и остри преку создавање дополнителни слики што се вметнуваат помеѓу сликите и црните сегменти помеѓу сцените. Какви се резултатите? Помалку заматување и заостанати облици, порамномерни движења. 

Помалку заматување дури и во брзите сцени
Семејство гледа филмови
Подобрете ја сликата што ја гледате со Dolby Vision™

Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.

Вратете се назад до најдобрите функции

Јасен повеќедимензионален звук

Опкружете со јасен и висококвалитетен звук од повеќе димензии за да се чувствувате како дел од случувањата.

Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos™
Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos®

Опкружете се со звук и зачекорете во сцената. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.

Слушајте висококвалитетен звук

Дизајниран да го надополни квалитетот на звукот и тенкиот дизајн на телевизорот со својата уникатна нова форма, нашиот X-balanced speaker ќе ги збогати филмовите и музиката со јасен звук.

Оваа функција е достапна кај телевизорите поголеми од 55".

Стандарден заоблен звучник
Стандарден заоблен звучник

Квалитетот на звукот е добар, но дизајнот на телевизорот не е тенок

Тенок овален звучник
Тенок овален звучник

Квалитетот на звукот е намален поради тенкиот дизајн на телевизорот

X-balanced Speaker
X-balanced Speaker

Висококвалитетен звук од телевизор со ултра тенок дизајн

Вратете се назад до најдобрите функции

Префинет дизајн што ќе ви одговара

Тенката рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.

Страничен приказ на телевизор со алуминиумски дизајн
Прекрасен дизајн

Овој телевизор е дизајниран со тенка рамка и изгледа луксузно и префинето. Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот.

Вратете се назад до најдобрите функции

Лесен пристап и начин на живеење

Со лесниот пристап до сите ваши омилени содржини, услуги и уреди, нашите паметни телевизори со Android TV го олеснуваат животот.

Уживајте во неограничена забава

Добијте огромен избор на филмови, серии, музика, игри, спорт и многу повеќе со Android TV. Кажете му на вашиот BRAVIA која е вашата омилена забава, а потоа опуштете се и уживајте. А благодарение на Chromecast built-in, ќе можете да користите апликации за мобилни уреди преку телевизорот.

Сите ваши омилени содржини и услуги за неколку секунди
Семејство пребарува забава на Android TV
Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Повеќе апликации од сите други паметни телевизори
Повеќе од 5000 апликации, повеќе од сите други паметни телевизори

Паметниот Android TV од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.

Нема повеќе чекање со моќниот процесор
Нема повеќе чекање

Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.

Лесно поврзување со вашите омилени компатибилни уреди
Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Телевизор Bravia со Apple AirPlay / Apple HomeKit
Вашиот нов паметен живот

Испраќајте содржини на поголем и подобар екран со Chromecast 

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.

Лого за Chromecast built-in
Далечински управувач што е лесен за користење
Едноставна контрола на повеќе уреди преку паметен далечински управувач
Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење. 

Вратете се назад до најдобрите функции

Функција за пристапност
Помошна технологија на Android TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Спецификации и функции

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот