ТЕЛЕВИЗОРИ

XG95 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

XG9505 Series

Слика од XG95 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")

BЕнергетска ознака и информации за производ

4mодели

Најдобри карактеристики

Пореално доживување со реални слики и звук

Погледнете како 4K-сликите со врвни детали и живописни нијанси на бои стануваат реалност со нашата најнова технологија Sound-from-Picture Reality™ за врвен 4K-квалитет. 

Full Array LED

ПОВЕЌЕ LED-СВЕТИЛКИ, ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА, ПОВЕЌЕ КОНТРАСТ

(1) Стандардно осветлување EDGE LED. (2) Full Array LED. Симулирани слики.

Телевизорите со технологијата Full Array LED се осветлени со повеќе LED-светилки поставени директно зад екранот, за разлика од стандардните телевизори со технологијата Edge LED. Ваквата технологија, заедно со технологијата за прецизно локално затемнување на Sony, овозможува независно затемнување или осветлување на различни групи на LED-светилки кај телевизорот за да добиете попрецизен контраст и доживување како во кино.

Слики и звук во совршена хармонија

Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси. 

Беспрекорна реалистичност

Процесорот за слика X1™ Ultimate, со ненадмината моќ за обработка, открива стотици различни предмети на екранот и интелигентно ги подобрува светлината, деталите и боите за да можат сите содржини да изгледаат остри, светли и неверојатно реалистични.

Sound-from-Picture Reality™

Нашиот систем Acoustic Multi-Audio™ ги надополнува звучниците за рефлективен бас со два високотонци за позиционирање на звукот од задната страна на телевизорот за реализација на Sound-from-Picture Reality™. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.

Голем екран, динамичко доживување

Овој 4K HDR-телевизор од Sony е дизајниран за неверојатно уживање во слика на голем екран. Со прекрасните слики ќе се чувствувате како дел од случувањата.

  • X-Wide Angle
  • X-Motion Clarity
  • X-tended Dynamic Range™ PRO
  • Калибриран режим на Netflix
  • Препорачано од Netflix
  • Копче за Netflix
  • Бесплатна пробна верзија
Реално доживување како во кино

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук. 

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS™-екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

Прекрасен изглед од сите агли

Прегледен и минималистички дизајн што ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата. 

Повлекување

Каблите се вешто и уредно скриени

Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли. 

Организирање на каблите
Android TV

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Телевизорот со Android TV™ од Sony и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Паметен далечински управувач
Спецификации и функции
Откријте свет исполнет со детали и бои со овој 4K HDR-телевизор со процесорот за слика X1™ Ultimate. Сликите се совршено надополнети со нашата најнова технологија Acoustic Multi-Audio™.
  • Достапни во големина од 139 см (55"), 164 см (65"), 189 cm (75”), 215 см (85")

  • Висок динамички опсег 4K

  • Процесор за слика X1™ Ultimate

  • Acoustic Multi-Audio™

  • Android TV™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените во содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот

Награди

Награди