XG95 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|215 см (85")
XG95 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
ПОВЕЌЕ LED-СВЕТИЛКИ, ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА, ПОВЕЌЕ КОНТРАСТ
(1) Стандардно осветлување EDGE LED. (2) Full Array LED. Симулирани слики.
Телевизорите со технологијата Full Array LED се осветлени со повеќе LED-светилки поставени директно зад екранот, за разлика од стандардните телевизори со технологијата Edge LED. Ваквата технологија, заедно со технологијата за прецизно локално затемнување на Sony, овозможува независно затемнување или осветлување на различни групи на LED-светилки кај телевизорот за да добиете попрецизен контраст и доживување како во кино.
Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси.
Процесорот за слика X1™ Ultimate, со ненадмината моќ за обработка, открива стотици различни предмети на екранот и интелигентно ги подобрува светлината, деталите и боите за да можат сите содржини да изгледаат остри, светли и неверојатно реалистични.
Нашиот систем Acoustic Multi-Audio™ ги надополнува звучниците за рефлективен бас со два високотонци за позиционирање на звукот од задната страна на телевизорот за реализација на Sound-from-Picture Reality™. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.
Овој 4K HDR-телевизор од Sony е дизајниран за неверојатно уживање во слика на голем екран. Со прекрасните слики ќе се чувствувате како дел од случувањата.
Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS™-екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.
Прегледен и минималистички дизајн што ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата.
Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Телевизорот со Android TV™ од Sony и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.
Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените во содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот