XG90 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
123 см (49'')
XG90 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
Информации за производот
- Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
- 0,50W
- Резолуција на екранот (Х x В, точки)
- 3840x2160
ПОВЕЌЕ LED-СВЕТИЛКИ, ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА, ПОВЕЌЕ КОНТРАСТ
(1) Стандардно осветлување EDGE LED. (2) Full Array LED. Симулирани слики.
Телевизорите со технологијата Full Array LED се осветлени со повеќе LED-светилки поставени директно зад екранот, за разлика од стандардните телевизори со технологијата Edge LED. Ваквата технологија, заедно со технологијата за прецизно локално затемнување на Sony, овозможува независно затемнување или осветлување на различни групи на LED-светилки кај телевизорот за да добиете попрецизен контраст и доживување како во кино.
Нашиот 4K HDR-процесор X1™ Extreme врши моќна обработка на слики во реално време за да создаде извонредно детални слики. Квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K HDR-квалитет.
Уживајте во убави ноќни снимки исполнети со прекрасни бели и длабоки црни тонови. Одликувајќи се со шест пати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 4K-телевизор со X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли.
Нашата технологија X-Motion Clarity™ овозможува јасни и остри динамички движења. Подвижните слики се контролираат прецизно за да се минимизира заматувањето. Дури и во сцените со брзи движења, сликите остануваат реални и немаат загуби во светлината.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.
Погледнете го видео записот
Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS™-екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој телевизор со Android TV™ од Sony и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените во содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот