ТЕЛЕВИЗОРИ

XG81 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

XG8196 Series

Слика од XG81 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")

Најдобри карактеристики

Внесете реалистичност во забавата со живописни 4K-слики

Погледнете како ги направивме вашите омилени филмови и емисии позабавни преку спојување на нашата технологија 4K X-Reality™ PRO со неверојатно живописниот TRILUMINOS-екран и Android TV™. 

Спецификациите за далечинскиот управувач се различни во зависност од територијата и моделот на телевизорот.

Откријте ги одново сите детали во 4K

Со 4K X-Reality™ PRO, квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K-квалитет со извонредна острина. Сликата се изострува и подобрува во реално време, при што се откриваат дополнителни детали во книгите и архитектурата на библиотеката.

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

  • Копче за Netflix
  • Бесплатна пробна верзија 

Создадени за слушање

Слушањето е реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за да се добие прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

Звук со ClearAudio+
Android TV

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.  

Каблите се вешто и уредно скриени

Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли. 

Организирање на каблите
Спецификации и функции
Погледнете како внесовме повеќе возбуда и реалистичност во филмовите и емисиите со овој 4K HDR-телевизор со зголемување на резолуцијата со 4K X-Reality™ PRO, живописен TRILUMINOS-екран и ClearAudio+-звук.
  • Достапни во големина од 123 см (49''), 139 см (55"), 164 см (65")

  • Висок динамички опсег 4K

  • 4K X-Reality™ PRO

  • ClearAudio+

  • Android TV™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот