ТЕЛЕВИЗОРИ

XG70 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

XG7004 / XG7005 / XG7077 / XG7096 Series

Слика од XG70 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

108 см (43”)|123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")

AЕнергетска ознака и информации за производ

16mодели

Најдобри карактеристики

Откријте ја убавината на 4K HDR

Гледајте нови светови со живописни бои и реални детали на овој 4K HDR-телевизор со технологијата за зголемување на резолуцијата 4K X-Reality™ PRO и нашиот TRILUMINOS-екран.

Спецификациите за далечинскиот управувач се различни во зависност од територијата и моделот на телевизорот.

Откријте ги одново сите детали во 4K

Со 4K X-Reality™ PRO, квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K-квалитет со извонредна острина. Сликата се изострува и подобрува во реално време, при што се откриваат дополнителни детали во книгите и архитектурата на библиотеката.

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

YouTube™ со едно копче

Пристапете веднаш до YouTube™ со едно кликнување

Одете директно на YouTube и уживајте во сите омилени видеоснимки. Пристапувањето до содржини од YouTube на овој LED-телевизор од Sony е многу брзо, а далечинскиот управувач има копче за YouTube за лесно пребарување.

Попаметен начин за уживање со паметниот телефон

Понесете ги сите содржини што ги сакате од паметниот телефон или USB-уредот и уживајте во нив со прекрасни детали на вашиот телевизор со голем екран. Smart Plug and Play овозможува лесно споделување на видеоснимки, фотографии и музика од повеќе уреди.

Едноставно поврзување со паметен телефон
Звук со ClearAudio+

Создадени за слушање

Слушањето е реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за да се добие прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

Каблите се вешто и уредно скриени

Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли. 

Организирање на каблите
Спецификации и функции
Гледајте нови светови со живописни бои и реални детали на овој 4K HDR-телевизор со зголемување на резолуцијата со 4K X-Reality™ PRO, TRILUMINOS-екран и лесен пристап до YouTube™.
  • Достапни во големина од 108 см (43”), 123 см (49''), 139 см (55"), 164 см (65")

  • Висок динамички опсег 4K

  • 4K X-Reality™ PRO

  • ClearAudio+

  • YouTube™ и многу повеќе

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот