XF90 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телефон (Android TV)
123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)
XF90 | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телефон (Android TV)
ПОВЕЌЕ LED-СВЕТИЛКИ, ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА, ПОВЕЌЕ КОНТРАСТ
(1) Стандардно осветлување EDGE LED. (2) Full Array LED. Симулирани слики.
Телевизорите со технологијата Full Array LED се осветлени со повеќе LED-светилки поставени директно зад екранот, за разлика од стандардните телевизори со технологијата Edge LED. Ваквата технологија, заедно со технологијата за прецизно локално затемнување на Sony, овозможува независно затемнување или осветлување на различни групи на LED-светилки кај телевизорот за да добиете попрецизен контраст и доживување како во кино.
Нашиот процесор 4K HDR X1™ Extreme врши моќна обработка на слики во реално време за да создаде извонредно детални слики. Квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K HDR-квалитет.
Уживајте во убави ноќни снимки исполнети со прекрасни бели и длабоки црни тонови. Одликувајќи се со шестпати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 4K HDR-телевизор со X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли.
Нашата технологија X-Motion Clarity™ овозможува јасни и остри динамички движења. Подвижните слики се контролираат прецизно за да се минимизира заматувањето. Дури и во сцените со брзи движења, сликите остануваат реални и немаат загуби во светлината.
Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.
Впарете го телевизорот со овој звучник во вид на лента и уживајте во звук како во кино. Dolby Vision™ внесува живописни бои во сцените за пореално доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K HDR-телевизор со Android TV™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со телевизорите што ги препорачува Netflix ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.
Нема пречки, само прекрасни слики. Тенката алуминиумска рамка со врвен дизајн ќе ви го насочи вниманието кон екранот, а каблите ќе бидат вешто скриени на задната и предната страна.
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема? Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот