XF90

Детали во темни и светли површини

ТЕЛЕВИЗОРИ

XF90| LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

XF9005 Series

Слика од XF90| LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)

BЕнергетска ознака и информации за производ

4mодели

Најдобри карактеристики

Откријте навистина реалистични слики

Погледнете како нашиот најнов процесор и технологии за квалитет на слика се обединуваат за неверојатно реалистична забава со 4K HDR-телевизор.

Поголема моќ, подобри перформанси, повеќе убавина

Нашиот процесор 4K HDR X1™ Extreme врши моќна обработка на слики во реално време за да создаде извонредно детални слики. Квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K HDR-квалитет.

Откривање на деталите преку врвен контраст

Уживајте во убави ноќни снимки исполнети со прекрасни бели и длабоки црни тонови. Одликувајќи се со шестпати поголем контраст од стандардните LED-телевизори, овој 4K HDR-телевизор со X-tended Dynamic Range™ PRO ги прави темните сцени потемни, а светлите сцени посветли.

Сите движења се неверојатно остри

Нашата технологија X-Motion Clarity™ овозможува јасни и остри динамички движења. Подвижните слики се контролираат прецизно за да се минимизира заматувањето. Дури и во сцените со брзи движења, сликите остануваат реални и немаат загуби во светлината.

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

  • Лого за 4K HDR4K HDR
  • Лого за Dolby Vision™Dolby Vision
  • Слика од PlayStationHDR игри
Телевизор со звучник во вид на лента ZF9

Добијте звук како во кино со звучник во вид на лента

Впарете го телевизорот со овој звучник во вид на лента и уживајте во звук како во кино. Dolby Vision™ внесува живописни бои во сцените за пореално доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Android TV

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K HDR-телевизор со Android TV™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Дизајниран за да ви го задржи вниманието во сликата

Нема пречки, само прекрасни слики. Тенката алуминиумска рамка со врвен дизајн ќе ви го насочи вниманието кон екранот, а каблите ќе бидат вешто скриени на задната и предната страна.

Видеоснимки од типот „на кој начин“

Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема? Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции
Светлите и темните површини совршено се обработуваат кај овој 4K HDR-телевизор со технологијата X-tended Dynamic Range PRO за голем контраст. Гледајте повеќе детали во сите содржини.
  • Достапни во големина од 123 см (49''), 139 см (55"), 164 см (65"), 189 cm (75”)

  • Висок динамички опсег 4K

  • X1_BMDIcons_ReadyForDelivery

    4K HDR Processor X1™ Extreme

  • X-Motion Clarity™

  • Android TV™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот