XF75 | LED | 4K Ultra HD| Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
108 см (43”)|123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")
XF75 | LED | 4K Ultra HD| Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
Со 4K X-Reality PRO, квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K-квалитет со извонредна острина. Сликата се изострува и подобрува во реално време, при што се откриваат дополнителни детали во книгите и архитектурата на библиотеката.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K HDR-телевизор со Android TV™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со Netflix Recommended TV ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.
Слушањето е реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за да се добие прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.
Искористете максимум од просторот со минимизирање на каблите. Овој тенок 4K HDR-телевизор има тенка рамка со изглед на алуминиум на рабовите за да изгледа прекрасно и лесно да се вклопи во секој животен простор. Паметното организирање на каблите овозможува прицврстување и криење на каблите на предната страна.
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема? Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот