XE70

Неверојатна острина и врвен контраст
СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

XE70 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

XE7000 / XE7003 / XE7004 / XE7005 / XE7077 / XE7096 Series
Слика од XE70 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

108 см (43”)|123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")|silverblack

AЕнергетска ознака и информации за производ

21mодели

Најдобри карактеристики
4K X-Reality™ PRO
Откријте ги одново сите детали во 4K

4K X-Reality™ PRO

Технологијата 4K X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете неверојатна острина. Точките од различни кадри се анализираат, а сликите се изоструваат и подобруваат во реално време. Погледнете како се зголемуваат деталите на зградите и дрвјата.

Создадени за слушање

ClearAudio+

Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, независно што гледате.

ClearAudio+
Дизајниран за да ви го задржи вниманието во сликата

Искористете максимум од просторот со минимизирање на каблите. Овој тенок телевизор има тенка алуминиумска рамка на рабовите за да изгледа прекрасно и лесно да се вклопи во секој животен простор. Паметното организирање на каблите овозможува криење на каблите на предната и задната страна.

Пристапете веднаш до YouTube™ со едно кликнување

Одете директно на YouTube и уживајте во сите омилени видеоснимки. YouTube функционира брзо како никогаш досега на овој телевизор со поддршка за интернет и далечински управувач со копче за YouTube за лесно пребарување.

Видеоснимки од типот „на кој начин“
Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции

Уживајте во најдобрата забава со 4K HDR телевизорот XE70 со вграден YouTube. Технологијата X-Reality PRO и врвното проследување ја подобруваат вашата омилена забава. Сите спецификации ќе бидат достапни наскоро.
  • Достапни 108 см (43”), 123 см (49''), 139 см (55"), 164 см (65")

  • Висок динамички опсег 4K

  • 4K X-Reality™ PRO

  • YouTube™ и многу повеќе

  • ClearAudio+

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот