XD83
Запознајте се со сликата со 4K HDR квалитет од Sony и уживајте во неверојатна јасност, бои и контраст во сите содржини што ги гледате. Сето тоа на неверојатно тенок и елегантен телевизор.
XD83
Запознајте се со сликата со 4K HDR квалитет од Sony и уживајте во неверојатна јасност, бои и контраст во сите содржини што ги гледате. Сето тоа на неверојатно тенок и елегантен телевизор.
108 см (43”)|123 см (49'')
Висок динамички опсег 4K
За да обезбеди врвен квалитет на сликата, овој телевизор ја спојува неверојатната 4K острина со светлината, боите и деталите на високиот динамички опсег (HDR). Површините со темни сенки и сончева светлина, кои досега не беа видливи, сега се јасни и полни со детали.
Сликите се изоструваат и подобруваат со технологијата за обработка на слика 4K X-Reality PRO™ која ја зголемува резолуцијата и ги подобрува сите точки за да се добие неверојатна острина.
Боите се богати и живописни исто како во реалноста, благодарение на TRILUMINOS™ екранот кој го зголемува опсегот на бои што можете да ги видите на екранот.
Телевизорите од Sony имаат прекрасен дизајн, па затоа се погриживме да не ги нарушиме убавите контури со кабли или неред. Паметното организирање на каблите овозможува криење на каблите.
Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со Netflix Recommended TV ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
ЗОШТО ТЕЛЕВИЗОРИТЕ ОД SONY СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот