XD75/XD70
Потполно уживање во домашната забава. Добијте слика со извонреден 4K HDR квалитет од Sony, како и огромен избор на филмови, ТВ серии, апликации и многу повеќе со Android TV.
XD75/XD70
Потполно уживање во домашната забава. Добијте слика со извонреден 4K HDR квалитет од Sony, како и огромен избор на филмови, ТВ серии, апликации и многу повеќе со Android TV.
123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")
Висок динамички опсег 4K
За да обезбеди врвен квалитет на сликата, овој телевизор ја спојува неверојатната 4K острина со светлината, боите и деталите на високиот динамички опсег (HDR). Површините со темни сенки и сончева светлина, кои досега не беа видливи, сега се јасни и полни со детали.
Технологијата 4K X-Reality PRO™ ги подобрува сите точки за да добиете неверојатна острина. Точките од различни кадри се анализираат, а сликите се изоструваат и подобруваат во реално време. Погледнете како се зголемуваат деталите на лицата и кожата.
Овој телевизор со тенок профил се вклопува беспрекорно во вашиот простор. Совршен е за монтирање на ѕид, а неговата дискретна и тенка рамка ќе ви го насочи вниманието кон сликата.
Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции што го подобруваат паметниот телевизор. Netflix Recommended TV ви овозможува да уживате во популарни серии и филмови со наменско копче.
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
ЗОШТО ТЕЛЕВИЗОРИТЕ ОД SONY СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот