Прескокни до содржина

X94C/X93C

Врвно 4K доживување

Врвен приказ на слика во 4K. Апсолутно совршената слика е надополнета со богат звук кој е верен на оригиналниот извор и нуди нови возбудливи доживувања.

ТЕЛЕВИЗОРИ

X94C / X93C| LED| 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR)| Паметен телевизор(Android TV)

X9405C / X9305C Series

Слика од X94C / X93C 4K Ultra HD со Android TV

139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)

BЕнергетска ознака и информации за производ

3mодели

Слика

4K Processor X1 – Еден чип менува сè

Уживајте во поголема јасност, бои и контраст со новиот 4K Processor X1™

Моќниот 4K Processor X1 нуди неверојатен квалитет на слика. Секој извор се анализира интелигентно и подобрува до нашата 4K резолуција, почнувајќи од ТВ емитувања, Blu-ray Disc и DVD содржини па сè до 4K видеоснимки од интернет. Уживајте во извонредни 4K слики со неверојатна јасност, реалистични бои и исклучителен контраст.

X-tended Dynamic Range

X-tended Dynamic Range

Со прецизна контрола на јачината на задното осветлување низ целиот екран, X-tended Dynamic Range создава длабоки црни тонови и максимална светлина, како и сите останати детали помеѓу нив.

TRILUMINOS екран

TRILUMINOS екран

TRILUMINOS екранот, кој е ексклузивен за Sony, го подобрува вашето доживување при гледањето со поширока палета на бои и поприродни темни и светли нијанси.

4K X-Reality PRO

4K X-Reality PRO

Како резултат на повеќедецениското искуство во создавање и обработка на видеоснимки, 4K X-Reality PRO ја подобрува резолуцијата и квалитетот на секоја слика од видеоснимките за да создаде реалистични детали и длабочина.

Подобрете ја секоја слика до 4K квалитет

Без разлика што гледате, гледајте го со нашиот реалистичен 4K квалитет

Независно од изворот, нашата најмоќна технологија за обработка на 4K слики досега ги подобрува сите точки. Сцените се анализираат и се усогласуваат со специјална база на податоци со слики за добивање исклучително реалистични детали, независно што гледате.

4K X-Reality PRO
Стандарден телевизор
4K X-Reality PRO
Телевизор со 4K Processor X1

Full HD

Стандарден

X1

4K Processor X1 – Прецизно подобрување на детали

4K Processor X1 нуди извонредно реалистични детали и користи нови алгоритми како Noise Crusher, Flat Area Detection и Super Resolution. Овие напредни технологии заедно создаваат слики со мал шум и природен изглед, како и преработени содржини со стандарден и подобрен квалитет.

Секоја боја станува реалистична

Огромна палета на прекрасни природни бои

BRAVIA® ви нуди уште пореалистични бои – дополнително подобрени со моќниот 4K processor X1 и неговата технологија за прецизно мапирање на боите. Пренесете ги чувствата од секоја сцена со богати и живописни црвени, зелени и сини тонови. Ќе можете да уживате и во најширока палета на бои досега, благодарение на уникатниот TRILUMINOS екран кој е ексклузивен за Sony.

Со TRILUMINOS
Без TRILUMINOS

4K Processor X1 – Прецизно мапирање на бои

Прецизното мапирање на бои со 4K Processor X1 го надминува стандардното подобрување на боите, а боите се оптимизираат посебно во реално време. Тој овозможува максимални перформанси за приказ и совршено ја контролира репродукцијата на секоја боја, за добивање богати и природни резултати.

  • X1
  • Нормално

Прекрасно задно осветлување

Посветли бели и побогати, подлабоки црни тонови

Овој уникатен алгоритам за задно осветлување, благодарение на новиот 4K processor X1 од Sony, реалистично репродуцира многу поширок опсег на светлина отколку стандардните LED телевизори.

Подобрување на динамичкиот контраст
Стандарден телевизор
Подобрување на динамичкиот контраст
Телевизор со 4K Processor X1

Подобрување на динамичкиот контраст - 4K Processor X1

Со функцијата за подобрување на динамичкиот контраст кај 4K Processor X1, опсегот на светлина континуирано се оптимизира слика по слика. Таа ги прилагодува нивоата според тоа што се случува на екранот.

Компатибилност со висок динамички опсег (HDR)

Овој телевизор е компатибилен со HDR, а со X-tended Dynamic Range и TRILUMINOS екранот може да прикажува многу поголем контраст, подобрени детали и извонредни бои.

Висок динамички опсег
ВИСОК ДИНАМИЧКИ ОПСЕГ
Висок динамички опсег
СТАНДАРДЕН

Сите 4K содржини, сите извори

Сега може да уживате во свет на реална 4K забава во домот. Компатибилност со најновите стандарди за 4K, вклучувајќи VP9, HDMI за 50p/60p, за да уживате во сите омилени содржини.

Звук

Првиот телевизор со звук со висока резолуција во светот

Музика како што ја замислил изведувачот

Во музичките студија и на концертите во живо, оригиналните студиски снимки се снимаат со квалитет подобар од CD. Со звукот со висока резолуција можете да ги почувствувате богатите звуци, исто како пејачот да настапува пред вас.

Како функционира звукот со висока резолуција

Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.

Звук со Bисока Pезолуција
Компресиран фајл [mp3]
Звук со Bисока Pезолуција
Фајл со звук со висока резолуција

Течна аудио магија

Слушнете ги најмалите детали со јасност како никогаш досега

Вуферите и сабвуферите насочени нанапред репродуцираат јасен и моќен звук со целосен опсег, а нивниот дизајн без придушувачи ги намалува изобличувањата за добивање остри средни и високи тонови. Напредниот материјал од стаклени влакна засилени со мика ги открива дури и најситните детали – ова е совршен начин да уживате во изворите со звук со висока резолуција.

Создадени за слушање

Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување кое изгледа како да ве опкружува. Слушајте музика, дијалог и опкружувачки ефекти со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

DSEE

Уживајте во повеќе детали од сите содржини кои ги слушате. DSEE HX ги анализира изворите на звук, ги проширува високите фреквенции и бит-длабочината до квалитет со приближно висока резолуција.

S-Force преден опкружувачки звук

S-Force Front Surround sound ги обработува аудио сигналите за создавање на прекрасно доживување при слушањето. Директната повеќеканална обработка овозможува реалистичен, јасен и моќен опкружувачки звук од 360°.

Clear Phase звук

Clear Phase детално го прилагодува фреквентниот опсег на ТВ звучниците за порамномерна и побалансирана репродукција на сите фреквенции - ниски, средни и високи.

Цел свет на можности

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале, со брзина како никогаш досега. Од филмови и ТВ серии па сè до илјадници апликации, Android TV од Sony ви нуди сè за неколку секунди.

Дизајн

Секоја намена има совршена форма

Клинот нуди комбинација од форма и функционална убавина

Новата основна форма на BRAVIA® нуди спој од естетика и функционална убавина. Малите димензии ви заштедуваат простор, а звукот е подобрен со поголеми звучници.

  • Широк
  • Тесен

Широк телевизор, тесна површина

Заштедете на простор со држачот во 2 положби

Прилагодете го држачот под вашиот 4K телевизор за да го промените од широк во тесен држач, во зависност од расположливиот простор.

Разгледајте ги сите функции на X94C/X93C

Видеоснимки од типот „на кој начин“

Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции
Врвен приказ на слика во 4K. Апсолутно совршената слика е надополнета со богат звук кој е верен на оригиналниот извор и нуди нови возбудливи доживувања.
  • Достапни во големина од 139 см (55"), 164 см (65"), 189 cm (75”)

  • 4K Ultra HD (3840 x 2160)

  • 4K Processor X1

  • Звук со Bисока Pезолуција

  • Android TV

Сооднос на сликата
16:9
Triluminos™ екран
ДА

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот