СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

X90S/P | BRAVIA XR | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

X90S/P Series
Слика од X90S/P | BRAVIA XR | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

126 см (50")

Слика од предната страна на телевизор BRAVIA од серијата X90S/P со држач, прикажува жолти и тиркизни кристали
Слика под агол од телевизор BRAVIA од серијата X90S/P со држач, прикажува жолти и тиркизни кристали
Слика под агол од телевизор BRAVIA од серијата X90S/P со држач, прикажува жолти и тиркизни кристали
Слика под агол од задната страна на телевизор BRAVIA од серијата X90S/P
Слика одблиску од рамката на телевизор BRAVIA од серијата X90S/P, прикажува жолти и тиркизни кристали
Слика одблиску од држачот на телевизор BRAVIA од серијата X90S/P што прикажува жолти и тиркизни кристали
Слика од предната страна на телевизор BRAVIA од серијата X90S/P, прикажува жолти и тиркизни кристали
Наградувани
Лого за CES® Innovation Awards 2022 Best of Innovation
CES2022 Best of Innovation Awards Honoree, награда за BRAVIA CAM
Лого за CES® Innovation Awards 2022 Honoree
CES2022 Innovation Awards, награда за BRAVIA CORE

Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.

Нова генерација на слика и звук со когнитивна интелигенција

Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои. 

XR Picture
Слика одблиску од овошје како бобинки, круши и праски
Широка палета на бои за реални тонови и нијанси

Благодарение на Cognitive Processor XR™, XR Triluminos Pro му овозможува на X90S/P да прикаже повеќе од милијарда бои како во реалниот свет. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.

Поголема длабочина со длабоки црни тонови и силна светлина

Cognitive Processor XR™ ги подобрува сликите исто како што фокусираат вашите очи. Со балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, XR Contrast Booster прикажува посветли тонови во одблесоците и подлабоки црни тонови во сенките. Сцените изгледаат пореални и имаат повеќе длабочина и детали.  

Слика од ефектот на XR Contrast Booster на балон со топол воздух
Слика одблиску од пердуви на птица, прикажани се ефектите на XR-подобрување на квалитетот до 4K
Обновување изгубени текстури, сите содржини подобрени до 4K

Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со приближен квалитет до 4K, независно од содржината или изворот. Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и ги обновува изгубените текстури и детали. 

Интелигентна обработка на движењата за остри брзи движења

Гледањето спорт и акциони филмови штотуку стана многу подобро. Нашиот Cognitive Processor XR™ со XR Motion Clarity™ ги анализира движењата во повеќе кадри за да создаде јасни, осветлени и остри движења.

Слика од сурфер со остри детали во бранот

Дознајте за технологиите за слика
 

XR-звук
Слика од звучни бранови од телевизорот со Acoustic Multi-Audio™
Звук од екранот што е прецизно усогласен со сликите

Нашата технологија Acoustic Multi-Audio™ користи високотонци за позиционирање на звукот за да репродуцира високофреквентни звуци од соодветно место во сцената. Високотонците за позиционирање на звукот на овој телевизор BRAVIA XR со Full Array LED прецизно го усогласуваат звукот со случувањата на екранот за да создадат прекрасно доживување.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.

Сцена од жена на кревет во дневна соба која гледа телевизија и слуша опкружувачки звук со XR Surround
Најдобри перформанси со аудио опрема од Sony

Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA XR со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат ново и ненадминато аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.

Слика од маж во дневна соба кој гледа кон телевизор BRAVIA со 360 Spatial Sound
Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® преку комбинирање на преносливиот звучник SRS-NS7 со BRAVIA XR™ за просторен опкружувачки звук. Со одредени слушалки од Sony може да уживате во симулиран опкружувачки звук 360 Spatial Sound преку WLA-NS7 (се продава посебно). 

Voice Zoom™2 ги подобрува гласовите и создава јасни дијалози

Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина. 

Жена разговара на телефон на улица со многу луѓе, прикажано е како Voice Zoom 2 го прави говорот полесен за слушање

Откријте технологии за звук
 

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.

Преминете на уште подобро гледање, оптимизирано со BRAVIA CAM

Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со BRAVIA CAM, што се продава посебно, за да добиете уште повозбудливо доживување при гледањето. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Звукот е појасен, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Нови начини за уживање во телевизијата со BRAVIA CAM

Со BRAVIA CAM секогаш имате најдобро место за седење во домот. Препознава каде седите и соодветно ги оптимизира сликата и звукот. Достапни се и контроли со гестикулации и други нови и забавни искуства што чекаат да ги откриете.

Видеоразговори со пријателите и семејството на голем екран

Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.

Слика од вљубен пар во дневна соба кои мавтаат на пријател за време на видеоразговор

Дознајте за BRAVIA CAM
 

Функции на паметните телевизори
Кажете што сакате да гледате со гласовното пребарување

Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете. 

Слика одблиску од жена со далечински управувач која контролира телевизор со нејзиниот глас
Слика што прикажува дека сите поврзани уреди може да се контролираат преку еден паметен далечински управувач
Контролирајте ги вашите уреди со еден далечински управувач

Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.

Откријте паметни технологии
 

Обнови, рециклирај и намали - дизајн за животната средина 

Телевизорите BRAVIA XR се дизајнирани за прекрасно доживување при гледањето и не се штетни за животната средина. Посветени сме да ја намалиме нерециклираната пластика во производството и пакувањето на телевизорите. За рамката на X90S/P се употребени 30% одржливи материјали, а за компонентите употребивме SORPLAS™ што може да се рециклира и има стапка на рециклирање од 89%.

Четири пластични шишиња и четири дискови на левата страна на сликата и стрелка што покажува кон телевизор BRAVA кој прикажува риби кои пливаат во океан на десната страна на сликата
Лого за Assistive Technology
Помошна технологија на Google TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Спецификации и функции

Уживајте во возбудата што ја нуди Google TV со прекрасни бои и природен контраст преку овој 4K-телевизор опремен со нашиот екран со Full Array LED и Cognitive Processor XR™.

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот