BRAVIA XR X90J

Вградена човечка интелигенција, дефинирана со 4K-контраст

Погледнете колку реална станува забавата кога ќе го споите екстремниот контраст на екранот со Full Array LED и моќта на нашиот револуционерен Cognitive Processor XR™.

ТЕЛЕВИЗОРИ

X90J | BRAVIA XR | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

X90J Series
Слика од X90J | BRAVIA XR | Full Array LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

126 см (50")|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)

BЕнергетска ознака и информации за производ

4mодели

Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.

Првиот телевизор во светот со когнитивна интелигенција

Нашиот телевизор BRAVIA XR™ нуди ново ниво на слика и звук со уникатниот Cognitive Processor XR. Тој разбира како гледаат и слушаат луѓето за да создаде потполно ново доживување што ќе ве внесе целосно во сцената.

Прецизни 4K-слики, исто како што гледаат очите

Уживајте во длабоки, природни и реални слики. Нашиот револуционерен процесор користи анализа од човечка перспектива за вкрстена анализа на стотици илјади елементи во една секунда. Во комбинација со нашиот екран со Full Array LED, оваа технологија создава извонредно реалистични слики исполнети со врвен контраст.

Претворете ги сите звуци во прекрасно доживување

Напредната технологија на звучници и нашиот Cognitive Processor XR ги претвораат сите звуци во прекрасно аудио доживување. Слушајте појасен и попрецизен звук, независно што гледате. Уживајте во забавата на потполно нов начин со совршена хармонија од слики и звук.

Пристапете до илјадници филмови и серии со вашиот глас

Користете го гласот за брзо да ги пронајдете содржините што сакате да ги гледате. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или добијте препораки со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите со BRAVIA XR

Добивате 5 филмови, 12 месеци неограничено проследување.*

Важат правила и услови. * Може да го добиете само Bloodshot.

Совршен за PlayStation®5
Рециклирај. Обнови. Намали.

Телевизорите BRAVIA XR имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. За производство на рамката се употребени 30% одржливи материјали, а за неговите компоненти ја употребивме пластиката SORPLAS™ што може да се рециклира и има стапка на рециклирање од 89%.

XR Picture
Детали од цвеќиња со дискретни нијанси и тонови на ливчињата
Широка палета на природни и прекрасни бои

Гледајте бои што се природни и убави за човечкото око. Cognitive Processor XR му овозможува на нашиот уникатен екран да прикаже поширока палета на бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Со зголемениот опсег на тонови и заситување, во цвеќињата ќе забележите живописни нијанси и реални текстури. Дури и бледите бои изгледаат реални.

Реална длабочина со длабоки црни тонови и силна светлина

Уживајте во револуционерен контраст, исто како во реалноста. Cognitive Processor XR анализира податоци и ги подобрува сликите на ист начин како што фокусира човечкото око. Со XR Contrast Booster, светлите површини се посветли и темните површини се потемни - нема повеќе детали прекриени со сенки или изгубени во премногу светлите површини.   

Слика на екранот што прикажува екстремен контраст и реална длабочина
Слика од лисица што ја прикажува острината на 4K
Обновување на изгубените текстури, на интелигентен начин

Независно од содржината и изворот, ќе добиете забава со резолуција до 4K со XR. Нашиот Cognitive Processor XR обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики. Гледајте детали во природно дефинирано животинско крзно и остро нагласена карпа.

Интелигентна обработка на движењата за остри брзи движења

Sporta pārraižu un dinamisku filmu skatīšanās pieredze tikko kļuva ievērojami labāka. Mūsu kognitīvais procesors (Cognitive Processor XR) ar XR Motion Clarity™ tehnoloģiju analizē datus, lai attēli plūstu vienmērīgi, būtu spilgti un skaidri.

Слика од сурфер со остри детали во бранот
Дознајте за технологиите за слика
 
XR-звук
Слика од пејач на концерт
Звукот излегува од екранот-совршено усогласен со случувањата

XR Sound Position нуди реален звук што одговара на сликата за да создаде реално аудио доживување. Звукот што се репродуцира од високотонците за позиционирање на звукот на овој Full Array LED-телевизор BRAVIA XR прецизно ги следи случувањата за да создаде прекрасно доживување.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Сите содржини што ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук со BRAVIA XR. XR Surround репродуцира опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.

Сцена од дневна соба што го прикажува ефектот на опкружувачки звук со XR Surround
Најдобри перформанси со аудио опрема од Sony

Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат прекрасно аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.

Маж седи на софа и слуша 360 Spatial Sound со звучник за носење SRS-NS7 и безжичен предавател WLA-NS7
Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® во комбинација со SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да уживате во 360 Spatial Sound. Со одредени слушалки од Sony може да уживате и во 360 Spatial Sound преку безжичниот предавател WLA-NS7 (се продава посебно).

Жена на улица со многу луѓе каде што е прикажано како Voice Zoom 2 го прави говорот полесен за слушање
Voice Zoom™2 ги подобрува гласовите и создава јасни дијалози

Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина. 

Откријте технологии за звук
 
Функции на паметните телевизори
Зголемете ги омилените содржини од телефонот

Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.

Слика што прикажува проследување содржини од паметен телефон кон телевизор
Слика што прикажува дека сите поврзани уреди може да се контролираат преку еден паметен далечински управувач
Контролирајте ги вашите уреди со еден далечински управувач

Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.

Откријте повеќе паметни функции
 
Дизајн
Прекрасен минималистички дизајн за максимална забава

Минималистичкиот дизајн нуди максимални димензии на екранот и минимална рамка за да се фокусирате на најважното - сликата. Телевизорот е дизајниран и за репродукција на прекрасен звук.

Вистинскиот изглед може да се разликува во зависност од големината на телевизорот.

Повлекување
Слика од 2-насочниот држач
Флексибилен држач за различно позиционирање на телевизорот

Повеќенаменскиот 2-насочен држач ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата или тесно поставување за помали масички.

Слика одблиску од дизајнот со рамна површина
Рамна површина за пореална слика

Бидејќи рамката е премногу тесна, вашите очи ќе се фокусираат на сликата, а не околу неа.

Слика одблиску од тенкиот држач
Тенок држач, луксузен изглед

Нашиот тенок држач е дизајниран да одговара совршено на телевизорот и да се усогласи со вашата соба и ентериер.

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.

Уживајте во забавата, така како што ја замислил креаторот

Одликувајќи се со технологии како Netflix Calibrated Mode, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. А благодарение на поддршката за Calman Ready, креаторите може да го користат и за уредување снимени материјали.

Лого за помошна технологија
Помошна технологија на Google TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.

Спецификации и функции

Забавата станува реална кога ќе го споите екстремниот контраст на екранот со Full Array LED и нашиот револуционерен Cognitive Processor XR™.

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот

Кориснички оценки

Корисниците велат