Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

X85J

Преку милијарда бои со прекрасен и рамен дизајн

Добијте повисока класа на бои со 4K HDR-телевизор што може да ги прикаже дискретните разлики во нијансите и тоновите. Реалните бои и екранот со 120 Hz ќе ви овозможат појасна, поостра и пореална забава. 

СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

X85J | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

X85J Series
Слика од X85J | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

108 см (43”)|139 см (55")|164 см (65")|215 см (85")

BЕнергетска ознака и информации за производ

4mодели

Прекрасните бои ги прават сликите реални

TRILUMINOS PRO™ и нашиот процесор 4K HDR X1™ внесуваат реалистичност во повеќе од милијарда бои. Екстремниот контраст ги прави реални сите содржини што ги гледате.

Јасен повеќедимензионален звук

Опкружете со јасен и висококвалитетен звук од повеќе димензии за да се чувствувате како дел од случувањата.

Семејство гледа телевизија на кревет
Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Гледајте ги омилените филмови со повеќе возбуда и реализам на 4K-телевизор што е дизајниран да создаде реално филмско доживување во домот. Dolby Vision™ внесува реалистичност во сцените, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен звук.

Пристапете до илјадници филмови и серии со вашиот глас.

Користете го гласот за брзо да ги пронајдете содржините што сакате да ги гледате. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или добијте препораки со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.

Слика од 2-насочниот држач
Флексибилен држач за различно позиционирање на телевизорот

Повеќенаменскиот 2-насочен држач ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата или тесно поставување за помали масички.

Рециклирај. Обнови. Намали.

Телевизорите BRAVIA имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. За производство на рамката се употребени 30% одржливи материјали, а за неговите компоненти ја употребивме пластиката SORPLAS™ што може да се рециклира и има стапка на рециклирање од 89%.

Купете го BRAVIA XR, првиот телевизор со когнитивна интелигенција

Нашиот најнов Cognitive Processor XR работи како човечкиот мозок и создава природни и прекрасни слики и звуци, исто како што гледате и слушате во реалноста. Освен тоа, со Full Array LED ќе уживате во светли слики со поголем контраст за пореално доживување.

Откријте повеќе функции

Лого за помошна технологија
Помошна технологија на Google TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Спецификации и функции

Гледајте прекрасни слики исполнети со реални бои на телевизор што е дизајниран да ви го насочи вниманието кон акцијата. Со 4K/120 fps ќе добиете појасна, поостра и пореална забава.

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот