Прескокни до содржина

X80C

Откријте го светот на 4K телевизијата

Погледнете колку добро изгледа телевизијата и филмовите со четири пати повеќе детали од Full HD. Уживајте во поостри и пореалистични сцени со 4K Processor X1 и откријте нови доживувања со Android TV.

ТЕЛЕВИЗОРИ

X80C | LED | 4K Ultra HD | Паметен телевизор (Android TV)

X8005C Series

Слика од X80C 4K со Android TV

123 см (49'')|139 см (55")

AЕнергетска ознака и информации за производ

2mодели

Слика

4K Processor X1 – Еден чип менува сè

Уживајте во поголема јасност, бои и контраст со новиот 4K Processor X1

Моќниот 4K Processor X1 нуди неверојатен квалитет на слика без разлика што гледате. Секој извор се анализира интелигентно и подобрува до 4K резолуција, почнувајќи од ТВ емитувања, Blu-ray Disc и DVD содржини па сè до 4K видеоснимки од интернет. Уживајте во 4K слики со неверојатна јасност, реалистични бои и исклучителен контраст.

Подобрување на динамичкиот контраст

Контраст

Подобрувањето на динамичкиот контраст ги осветлува светлите делови на екранот, а темните делови ги прави пореалистични и со подлабоки црни тонови.

Прецизно мапирање на бои

Боја

Прецизното мапирање на бои независно ја анализира секоја сцена и точка, поради што совршените сенки и тонови динамички се применуваат за добивање богати и природни бои.

4K X-Reality PRO

4K X-Reality PRO

Како резултат на повеќедецениското искуство во создавање и обработка на видеоснимки, 4K X-Reality PRO ја подобрува резолуцијата и квалитетот на секоја слика од видеоснимките за да создаде реалистични детали и длабочина.

Подобрете ја секоја слика до 4K квалитет

Без разлика што гледате, гледајте го со нашиот реалистичен 4K квалитет

Независно од изворот, нашата најмоќна технологија за обработка на 4K слики досега ги подобрува сите точки. Сцените се анализираат и се усогласуваат со специјална база на податоци со слики за добивање исклучително реалистични детали, независно што гледате.

4K X-Reality PRO
СТАНДАРДЕН ТЕЛЕВИЗОР
4K X-Reality PRO
ТЕЛЕВИЗОР СО 4K PROCESSOR X1

Full HD

Стандарден

X1

4K Processor X1 – Прецизно подобрување на детали

4K Processor X1 нуди реалистични детали и користи алгоритми како Noise Crusher, Flat Area Detection и Super Resolution. Овие технологии создаваат слики со мал шум и природен изглед, како и преработени содржини со стандарден и подобрен квалитет.

Сите бои се подобрени

Гледајте најреалистични сенки и природни бои во секоја сцена. Прецизното мапирање на бои ги анализира сите точки за да добиете динамична и реалистична слика.

4K Processor X1 – Прецизно мапирање на бои

Прецизното мапирање на бои го надминува стандардното подобрување на боите, а боите се оптимизираат посебно во реално време. Тој овозможува максимални перформанси за приказ и совршено ја контролира репродукцијата на секоја боја.

  • X1
  • Нормално

Оптимизирање на светлината – слика по слика

Подобрувањето на динамичкиот контраст го подобрува контрастот во сите содржини што ги гледате

4K Processor X1 овозможува динамичкиот опсег на светлина на екранот да се оптимизира континуирано слика по слика.

Подобрување на динамичкиот контраст
стандарден телевизор
Подобрување на динамичкиот контраст
телевизор со 4k processor x1

Подобрување на динамичкиот контраст - 4K Processor X1

Со функцијата за подобрување на динамичкиот контраст кај 4K Processor X1, опсегот на светлина континуирано се оптимизира слика по слика. Таа ги прилагодува нивоата според тоа што се случува на екранот.

Сите 4K содржини, сите извори

Сега сте подготвени да уживате во свет на реална 4K забава во домот. BRAVIA® функционира со сите извори, почнувајќи од ТВ емитувања во 4K и филмови на дискови па сè до видеоснимки на интернет. Компатибилноста со најновите 4K стандарди, меѓу кои и VP9, HDMI за 50p/60p и HEVC, ви овозможува да уживате во денешните содржини.

Услуги за проследување во 4K

HEVC претставува нов стандард за проследување 4K видео содржини со минимални загуби во квалитет.

4K практичен за интернет

Со поддршката за VP9, BRAVIA® овозможува беспрекорно проследување од веб-сајтови како YouTube™.

Поврзете се со 4K

Новиот HDMI стандард ви овозможува да гледате 4K детали со 50p/60p со поголема реалистичност и возбуда.

Цел свет на можности

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале, со брзина како никогаш досега. Од филмови и ТВ серии па сè до илјадници апликации, Android TV од Sony ви нуди сè за неколку секунди.

Звук

Создадени за слушање

Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување кое изгледа како да ве опкружува. Слушајте музика, дијалог и опкружувачки ефекти со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

DSEE претставува комбинација од нашите аудио технологии кои заедно создаваат непроменлив, јасен и богат звук.

S-Force Front ги обработува аудио сигналите за создавање на прекрасно доживување при слушањето. Директната повеќеканална обработка овозможува реалистичен и јасен опкружувачки звук од 360°.

Clear Phase детално го прилагодува фреквентниот опсег на ТВ звучниците за порамномерна и побалансирана репродукција на сите фреквенции - ниски, средни и високи.

Разгледајте ги сите функции на X80C

Видеоснимки од типот „на кој начин“

Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции
Погледнете колку добро изгледа телевизијата и филмовите со четири пати повеќе детали од Full HD. Напредниот 4K Processor X1 ја прави секоја сцена поостра и пореалистична и ви нуди нови доживувања со Android TV.
  • Достапни во големина од 123 см (49''), 139 см (55")

  • 4K Ultra HD (3840 x 2160)

  • 4K Processor X1

  • 4K X-Reality PRO

  • Android TV

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичното задно осветлување овозможува подобрена енергетска ефикасност со прилагодување на задното осветлување како што се менува содржината на сликите

  • Режимот за заштеда на енергија овозможува заштеда на енергија со прилагодување на светлината на задното осветлување

  • Режимот за исклучување на задното осветлување овозможува да се заштеди енергија така што ја исклучува сликата со исклучување на екранот на LCD панелот, како и со исклучување на задното осветлување