X70

Паметен и едноставен. Прекрасни слики и звук.

Овој паметен 4K-телевизор нуди комбинација од живописни бои и извонредна острина, јасен звук и прекрасен дизајн, за да внесе реалистичност во неопходните апликации. 

СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

X70 | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

X7055 / X7056 Series
Телевизор што прикажува 4K-детали во карпите и сантите мраз

108 см (43”)|123 см (49'')|139 см (55")|164 см (65")

AЕнергетска ознака и информации за производ

8mодели

3 најдобри функции
Поживописни бои, пореални 4K-детали
Поживописни бои, пореални 4K-детали

Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои.

Појасен и поприроден звук со Clear Audio
Појасен и поприроден звук

Clear Audio+ го оптимизира звукот за да ја слушате музиката и дијалозите со поголема острина и отсечност, за да добиете пореално доживување.

Врвен дизајн што одговара на вашата соба
Префинет дизајн што одговара на вашата соба

Тенката рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.

Поживописни бои, пореални 4K-детали

Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближна 4K-резолуција со реални бои.

Откријте ги одново сите детали во 4K

Со 4K X-Reality™ PRO, квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K-квалитет со извонредна острина. Сликата се изострува и подобрува во реално време, при што се откриваат дополнителни детали во книгите и архитектурата на библиотеката.

Балони што ја прикажуваат широката палета на бои со TRILUMINOS
Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS-екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси на балоните.

Вратете се назад до најдобрите функции

Појасен и поприроден звук

Clear Audio го оптимизира звукот за да ја слушате музиката и дијалозите со поголема острина и отсечност, за да добиете пореално доживување.

Детално прилагодување на сите моменти

Слушањето е реалистично како и гледањето. ClearAudio+ го прилагодува звукот од телевизорот детално и автоматски за да се добие прекрасно и емотивно доживување што изгледа како да ве опкружува. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

Вратете се назад до најдобрите функции

Префинет дизајн што ќе ви одговара

Тенката рамка му дава префинет изглед на телевизорот што се вклопува хармонично во сите модерни опкружувања.

Слика под агол од прекрасната завршна обработка со метал
Прекрасен дизајн

Овој телевизор е дизајниран со тенка рамка и изгледа луксузно и префинето. Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот.

Вратете се назад до најдобрите функции

Пристапете веднаш до YouTube™ со едно кликнување на далечинскиот управувач
Пристапете веднаш до YouTube™ со едно кликнување

Одете директно на YouTube и уживајте во сите омилени видеоснимки. Пристапувањето до содржини од YouTube на овој LED-телевизор од Sony е многу брзо, а далечинскиот управувач има копче за YouTube за лесно пребарување.

Гледајте Netflix во 4K HDR

Погледнете ја серијата „Lost in Space“ во 4K HDR денес, со претплата за Netflix. Членовите ќе можат да уживаат во повеќе HDR-содржини во претстојните месеци.

Телевизор што прикажува програма од Netflix во 4K HDR
Споделување специјални моменти од вашиот паметен телефон на телевизорот
Попаметен начин за уживање со паметниот телефон

Понесете ги сите содржини што ги сакате од паметниот телефон или USB-уредот и уживајте во нив со прекрасни детали на вашиот телевизор со голем екран. Smart Plug and Play овозможува лесно споделување на видеоснимки, фотографии и музика од повеќе уреди.

Функција за пристапност
Пристапност за BRAVIA LCD-телевизорите

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Вратете се назад до најдобрите функции

Спецификации и функции

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот