WF66

Појасна, поостра и позабавна слика

ТЕЛЕВИЗОРИ

WF66 | LED | Full HD | Висок динамички опсег (HDR)| Паметен телевизор

WF660 / WF663 / WF665 Series

Слика од WF66 | LED | Full HD | Висок динамички опсег (HDR)| Паметен телевизор

108 см (43”)|126 см (50")

A+Енергетска ознака и информации за производ

6mодели

Најдобри карактеристики

Откријте нови начини за забава

Погледнете како нашите најнови технологии за HDR и за зголемување на резолуција, заедно со наменското копче за YouTube, отвораат нови светови на возбудлива забава во Full HD.

Откријте ги одново сите детали во Full HD

Технологијата за обработка на слика X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете исклучителна јасност во Full HD. При анализата на кадрите, секоја сцена се споредува со нашата специјална база на податоци за подобрување на сликите и намалување на шумот. Погледнете како се подобрува архитектурата во зградата со дополнителни детали.

  • Лого за HDRВисок динамички опсег
  • Слика од PlayStationHDR игри
Телевизор и далечински управувач со наменско копче за YouTube

Пристапете веднаш до YouTube™ со едно кликнување

Одете директно на YouTube и уживајте во сите омилени видеоснимки. Пристапувањето до содржини од YouTube на овој телевизор со поддршка за интернет е многу брзо, а далечинскиот управувач има копче за YouTube за лесно пребарување. 

Попаметен начин за уживање со паметниот телефон

Понесете ги сите содржини што ги сакате од паметниот телефон или USB-уредот и уживајте во нив со прекрасни детали на вашиот телевизор со голем екран. Паметното приклучување и репродукција овозможуваат лесно споделување на видеоснимки, фотографии и музика од повеќе уреди.

Паметен телефон поврзан со телевизор
ClearAudio+

Создадени за слушање

ClearAudio+

Слушањето е реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за да се добие прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

Дизајниран за да ви го задржи вниманието во сликата

Искористете максимум од просторот со минимизирање на каблите. Овој тенок HDR-телевизор има тенка рамка со изглед на алуминиум на рабовите за да изгледа прекрасно и лесно да се вклопи во секој животен простор. Паметното организирање на каблите овозможува прицврстување и криење на каблите на предната страна.

Спецификации и функции
Сите содржини што ги гледате се појасни, поостри и позабавни на овој Full HD HDR-телевизор со наменско копче за YouTube. Забавувајте се со неверојатно детални Full HD-слики, подобрени со зголемување на резолуцијата со X-Reality PRO™.
  • Достапни во големина од 108 см (43”), 126 см (50")

  • D5_HDR

    Висок динамички опсег

  • Full HD резолуција (1920 x 1080)

  • X-Reality™ PRO

  • YouTube™ и многу повеќе

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот