Прескокни до содржина

WD65

Full HD забава за сите

Забавата треба да изгледа вака. Влезете во свет на филмови, телевизија и апликации и уживајте во секој момент со квалитет на слика што надминува Full HD. Сето тоа е надополнето со богат и динамичен звук.

Најдобри карактеристики

Висока резолуција со огромен раскош

Full High Definition

Уживајте во нашиот неверојатен Full HD квалитет на сликата, независно што гледате. Уникатниот процесор за обработка X-Reality PRO на Sony ги анализира, чисти и подобрува сликите за да создаде прекрасно и детално гледање. Дури и содржините што се проследуваат со мала резолуција стануваат подобри со X-Reality PRO на Sony кој создава слика што внесува реалистичност во сите содржини што ги гледате.

X-Reality PRO

Одново откријте го секој детаљ

X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете јасна слика. При анализата на кадрите, секоја сцена се споредува со нашата специјална база на податоци за подобрување на сликите и намалување на шумот – за слика со неверојатна реалистичност. 

Тенок и едноставен

Овој телевизор со тенок профил се вклопува беспрекорно во вашиот простор. Совршен е за монтирање на ѕид, а неговата дискретна и тенка рамка ќе ви го насочи вниманието кон сликата.

  • Тенок стил
  • Одговара на вашиот животен стил

Пронајдете повеќе од забавата што ја сакате

Без разлика дали сакате повторно да гледате некој омилен филм или да погледнете видеоснимка на YouTube, со телевизорите од Sony можностите се неограничени.

Pohto Sharing Plus

Едноставно споделување на фотографии

Photo Sharing Plus нуди лесен начин за споделување фотографии и видеоснимки со вашите пријатели на големиот екран. Зачувајте ги омилените слики од ТВ и споделете ги со пријателите - користејќи најмногу 10 уреди.

Пресликување на екран

Вашиот паметен телефон на голем екран

Со пресликувањето на екранот ќе уживате во содржини и апликации од паметниот телефон на вашиот телевизор од Sony. Зголемете ги сите спомени и уживајте во нив на големиот екран со семејството и пријателите.

Репродукција преку USB

Репродукција преку USB

Репродуцирајте музика, видео записи и гледајте збирки со фотографии, сето тоа на вашиот телевизор со извонредна репродукција на повеќе формати на USB. Со поддршката за повеќе кодеци, можете да уживате во повеќе формати - само приклучете и тоа е сè.

Спецификации и функции
Откријте свет на филмови, телевизија и апликации и уживајте во секој момент со кристално чиста и квалитетна слика. Сето тоа е надополнето со богат и динамички звук што внесува реалистичност во забавата.
  • Достапни во големина од 102 см (40"), 121 см (48”)

  • Full HD резолуција (1920 x 1080)

  • X-Reality PRO

  • YouTube™ и многу повеќе

  • Вграден Wi-Fi®

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичното задно осветлување овозможува подобрена енергетска ефикасност со прилагодување на задното осветлување како што се менува содржината на сликите

  • Режимот за заштеда на енергија овозможува заштеда на енергија со прилагодување на светлината на задното осветлување

  • Режимот за исклучување на задното осветлување овозможува да се заштеди енергија така што ја исклучува сликата со исклучување на екранот на LCD панелот, како и со исклучување на задното осветлување