Прескокни до содржина

WD60

Забава за секого

Откријте свет на филмови, телевизија и апликации и уживајте во секој момент со кристално чиста и квалитетна слика. Сето тоа е надополнето со богат и динамички звук што внесува реалистичност во забавата.

AЕнергетска ознака и информации за производ

3mодели

Најдобри карактеристики

Префинето гледање

Уживајте во HD ready квалитет на сликата, независно што гледате. Уникатниот процесор X-Reality™ PRO на Sony ги анализира, чисти и подобрува сликите за да создаде прекрасно и детално гледање. Дури и содржините што се проследуваат со мала резолуција се подобруваат со X-Reality PRO на Sony кој внесува реалистичност во сите содржини што ги гледате.

X-Reality PRO

Одново откријте го секој детаљ

X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете јасна слика. При анализата на кадрите, секоја сцена се споредува со нашата специјална база на податоци за подобрување на сликите и намалување на шумот – за слика со неверојатна реалистичност. 

Тенок и едноставен

Овој телевизор со тенок профил се вклопува беспрекорно во вашиот простор. Совршен е за монтирање на ѕид, а неговата дискретна и тенка рамка ќе ви го насочи вниманието кон сликата.

  • Тенок стил
  • Одговара на вашиот животен стил

Пронајдете повеќе од забавата што ја сакате

Без разлика дали сакате повторно да гледате некој омилен филм, да сурфате на интернет или да погледнете видеоснимка на YouTube, со телевизорите од Sony можностите се неограничени.

Pohto Sharing Plus

Едноставно споделување на фотографии

Photo Sharing Plus нуди лесен начин за споделување фотографии и видеоснимки со вашите пријатели на големиот екран. Зачувајте ги омилените слики од ТВ и споделете ги со пријателите - користејќи најмногу 10 уреди.

Пресликување на екран

Вашиот паметен телефон на голем екран

Со пресликувањето на екранот ќе уживате во содржини и апликации од паметниот телефон на вашиот телевизор од Sony. Зголемете ги сите спомени и уживајте во нив на големиот екран со семејството и пријателите.

Репродукција преку USB

Зачувајте ги омилените серии

Претворете го вашиот телевизор во дигитален видеорекордер. Со функцијата за снимање на HDD преку USB можете да ги зачувате омилените ТВ серии на надворешен USB уред за да ги гледате кога ќе посакате. 

Спецификации и функции
Откријте свет на филмови, телевизија и апликации и уживајте во секој момент со кристално чиста и квалитетна слика. Сето тоа е надополнето со богат и динамички звук што внесува реалистичност во забавата.
  • Достапни 80 см (32")

  • WXGA резолуција

  • X-Reality PRO

  • YouTube™ и многу повеќе

  • Вграден Wi-Fi®

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот