W85C/W80C

Погледнете ја големата слика

Подобрете го секој животен простор со тенок и елегантен изглед надополнет со тенка алуминиумска рамка. Уживајте во Full HD квалитет на слика со кои било содржини, како и во пристап до телевизија, апликации, видеоснимки, игри и повеќе.

СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

W80C / W85C | LED | Full HD | Паметен телевизор (Android TV)

W808C / W855C / W857C / W858C / W859C / W805C / W807C / W809C Series
Слика од W80C / W85C Full HD со Android TV

108 см (43”)|126 см (50")|139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)|silverblack

A+Енергетска ознака и информации за производ

17mодели

Погледнете колку добро може да изгледа телевизијата

Со напредни технологии за поостра, појасна и пореалистична слика за сите содржини кои ги гледате, разликата со BRAVIA® е очигледна.

Одново откријте го секој детаљ

Неверојатни детали во сите содржини што ги гледате

Секоја точка се подобрува на неверојатен начин со моќната технологија за обработка на слики од Sony. Сите делови од сцените се анализираат посебно и се усогласуваат со специјална база на податоци со слики. Намалувањето на шумот со X-Reality PRO елиминира разни видови на шум кај аналогните и дигиталните ТВ сигнали, DVD и Blu-ray Disc содржини, па дури и кај дигиталните фотографии.

Motionflow XR технологија
Порамномерни и поприродни движења

Без разлика што гледате, уживајте во неверојатно јасен приказ на екранот кај сцените со динамични движења со технологијата Motionflow XR.

Гледајте сè на вашиот ТВ

Споделувајте безжично фотографии, видеоснимки и многу повеќе за неколку секунди преку NFC и MHL.

NFC
Поврзете се преку NFC

Безжично пресликување на мобилни уреди Xperia™ на вашиот BRAVIA® телевизор преку NFC со еден допир.

MHL
Прикажувајте фотографии и видеоснимки од телефони

Фотографиите и видеоснимките од вашиот паметен телефон можат да се прикажат во Full HD, благодарение на поврзувањето преку MHL.

TV SideView
Збогатете го гледањето со TV Side View

Пронајдете ги, снимете ги и дискутирајте за вашите омилени ТВ емисии со TV SideView. Ова паметна апликација ви овозможува да го контролирате телевизорот и да прегледувате распореди на програмите преку паметниот телефон.

Создадени за слушање

Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување кое изгледа како да ве опкружува. Слушајте музика, дијалог и опкружувачки ефекти со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

DSEE
DSEE

Уживајте во повеќе детали од сите содржини кои ги слушате. DSEE претставува комбинација од нашите аудио технологии кои заедно создаваат непроменлив, јасен и богат звук.

S-Force преден опкружувачки звук
S-Force преден опкружувачки звук

S-Force Front ги обработува аудио сигналите за создавање на прекрасно доживување при слушањето. Директната повеќеканална обработка овозможува реалистичен и јасен опкружувачки звук од 360°.

Clear Phase звук
Чиста фаза

Clear Phase детално го прилагодува фреквентниот опсег на ТВ звучниците за порамномерна и побалансирана репродукција на сите фреквенции - ниски, средни и високи.

Разгледајте ги сите функции на W85C/W80C
Видеоснимки од типот „на кој начин“
Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции

Подобрете го секој животен простор со тенок и елегантен изглед надополнет со тенка алуминиумска рамка. Уживајте во Full HD квалитет на слика со кои било содржини, како и во пристап до телевизија, апликации, видеоснимки, игри и повеќе.
  • Достапни во големина од 108 см (43”), 126 см (50"), 139 см (55"), 164 см (65"), 189 cm (75”)

  • Full HD резолуција (1920 x 1080)

  • X-Reality PRO

  • Android TV

  • 3D

Сооднос на сликата
16:9

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот