SD80

Убавината на заоблената форма

Зачекорете во светот на забавата со прекрасната 4K HDR слика. Нашиот совршено заоблен екран ќе ве опкружи со реалистични детали.

СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

SD80 | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR)| Паметен телевизор(Android TV) | Заоблен екран

SD8005 Series
Слика од 4K HDR телевизор SD80 со заоблен екран и Android TV

126 см (50")

AЕнергетска ознака и информации за производ

Информации за производот

Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
0,50W
Резолуција на екранот (Х x В, точки)
3840x2160
Најдобри карактеристики
Откријте ги деталите со 4K HDR

Висок динамички опсег 4K

За да обезбеди врвен квалитет на сликата, овој телевизор ја спојува неверојатната 4K острина со светлината, боите и деталите на високиот динамички опсег (HDR). Површините со темни сенки и сончева светлина, кои досега не беа видливи, сега се јасни и полни со детали.

4K X-Reality PRO
Откријте ги одново сите детали во 4K

Технологијата 4K X-Reality PRO™ ги подобрува сите точки за да добиете неверојатна острина. Точките од различни кадри се анализираат, а сликите се изоструваат и подобруваат во реално време. Погледнете како се зголемуваат деталите на лицата и кожата.

Ви ја претставуваме нашата совршена заоблена форма 

Нашиот заоблен екран е професионално дизајниран да понуди нежно и природно заоблување, создавајќи совршен спој од уживање и удобност при гледањето. 

Цел свет на можности

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале, со брзина како никогаш досега. Од филмови и ТВ серии па сè до илјадници апликации, Android TV од Sony ви нуди сè за неколку секунди.

Netflix препорачува наши 4K телевизори со Android за 2016-та

Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции што го подобруваат паметниот телевизор. Netflix Recommended TV ви овозможува да уживате во популарни серии и филмови со наменско копче.

Netflix Recommended TV
Видеоснимки од типот „на кој начин“
Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции

Зачекорете во свет на забава со прекрасна и живописна 4K слика. Нашиот совршено заоблен екран ќе ве опкружи со реалистични бои и неверојатно остри детали.
  • Достапни во големина од 126 см (50")

  • Висок динамички опсег 4K

  • Заоблен екран

  • 4K X-Reality PRO

  • Android TV

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот

Кориснички оценки

Корисниците велат