Прескокни до содржина

S85C

Прекрасна заоблена совршеност

Ова е сè за што сонувате и многу повеќе. Забавата станува реалистична и ве опкружува со извонредни 4K слики со тенок и нежно заоблен телевизор.

ТЕЛЕВИЗОРИ

S85C | LED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR)| Паметен телевизор(Android TV) | Заоблен екран

S8505C Series

Слика од S85C 4K Ultra HD телевизор со заоблен екран и Android TV

139 см (55")|164 см (65")

AЕнергетска ознака и информации за производ

2mодели

Дизајн

Ново откритие

Доколку сакате неверојатно и прекрасно доживување кое мора да го видите за да поверувате, серијата S85C ќе ви понуди доживување при гледањето како никогаш досега.

Совршена заобленост

Заоблените екрани од серијата S85C имаат нежно и природно заоблување за да ви понудат совршен спој од уживање и удобност.

  • Удобно гледање
  • Совршен приказ

Слика

4K Processor X1 – Еден чип менува сè

Уживајте во поголема јасност, бои и контраст со новиот 4K Processor X1

Моќниот 4K Processor X1 нуди неверојатен квалитет на слика без разлика што гледате. Секој извор се анализира интелигентно и подобрува до 4K резолуција, почнувајќи од ТВ емитувања, Blu-ray Disc и DVD содржини па сè до 4K видеоснимки од интернет. Уживајте во 4K слики со неверојатна јасност, реалистични бои и исклучителен контраст.

Прецизно подобрување на детали

Јасност

Прецизното подобрување на детали го елиминира шумот и ги подобрува деталите кај сите содржини што ги гледате, независно од изворот, за да се добие поостра и појасна слика.

Прецизно мапирање на бои

Боја

Прецизното мапирање на бои независно ја анализира секоја сцена и точка, поради што совршените сенки и тонови динамички се применуваат за добивање богати и природни бои.

Подобрување на динамичкиот контраст

Контраст

Подобрувањето на динамичкиот контраст ги осветлува светлите делови на екранот, а темните делови ги прави пореалистични и со подлабоки црни тонови.

Подобрете ја секоја слика до 4K квалитет

Без разлика што гледате, гледајте го со нашиот реалистичен 4K квалитет

Независно од изворот, нашата најмоќна технологија за обработка на 4K слики досега ги подобрува сите точки. Сцените се анализираат и се усогласуваат со специјална база на податоци со слики за добивање исклучително реалистични детали, независно што гледате.

4K X-Reality PRO
СТАНДАРДЕН ТЕЛЕВИЗОР
4K X-Reality PRO
ТЕЛЕВИЗОР СО 4K PROCESSOR X1

Full HD

Стандарден

X1

4K Processor X1 – Прецизно подобрување на детали

4K Processor X1 нуди реалистични детали и користи алгоритми како Noise Crusher, Flat Area Detection и Super Resolution. Овие технологии создаваат слики со мал шум и природен изглед, како и преработени содржини со стандарден и подобрен квалитет.

Секоја боја станува реалистична

Огромна палета на прекрасни природни бои

BRAVIA® ви нуди уште пореалистични бои – дополнително подобрени со моќниот 4K processor X1 и неговата технологија за прецизно мапирање на боите. Пренесете ги чувствата од секоја сцена со богати и живописни црвени, зелени и сини тонови. Ќе можете да уживате и во најширока палета на бои досега, благодарение на уникатниот TRILUMINOS екран од Sony.

Со TRILUMINOS
Без TRILUMINOS

4K Processor X1 – Прецизно мапирање на бои

Прецизното мапирање на бои го надминува стандардното подобрување на боите, а боите се оптимизираат посебно во реално време. Тој овозможува максимални перформанси за приказ и совршено ја контролира репродукцијата на секоја боја.

  • X1
  • Нормално

Оптимизирање на светлината – слика по слика

Подобрувањето на динамичкиот контраст го подобрува контрастот во сите содржини што ги гледате

4K Processor X1 овозможува динамичкиот опсег на светлина на екранот да се оптимизира континуирано слика по слика.

Подобрување на динамичкиот контраст
стандарден телевизор
Подобрување на динамичкиот контраст
телевизор со 4k processor x1

Подобрување на динамичкиот контраст - 4K Processor X1

Со функцијата за подобрување на динамичкиот контраст кај 4K Processor X1, опсегот на светлина континуирано се оптимизира слика по слика. Таа ги прилагодува нивоата според тоа што се случува на екранот.

Компатибилност со висок динамички опсег (HDR)

Овој телевизор е компатибилен со HDR, а со TRILUMINOS екранот може да прикажува многу поширок опсег на бои, поголем контраст и подобрени детали.

Висок динамички опсег
ВИСОК ДИНАМИЧКИ ОПСЕГ
Висок динамички опсег
СТАНДАРДЕН

Сите 4K содржини, сите извори

Сега може да уживате во свет на реална 4K забава во домот. Компатибилност со најновите стандарди за 4K, вклучувајќи VP9, HDMI за 50p/60p, за да уживате во сите омилени содржини.

Услуги за проследување во 4K

HEVC претставува нов стандард за проследување 4K видео содржини со минимални загуби во квалитет.

4K практичен за интернет

Со поддршката за VP9, BRAVIA® овозможува беспрекорно проследување од веб-сајтови како YouTube™.

Поврзете се со 4K

Новиот HDMI стандард ви овозможува да гледате 4K детали со 50p/60p со поголема реалистичност и возбуда.

Цел свет на можности

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале, со брзина како никогаш досега. Од филмови и ТВ серии па сè до илјадници апликации, Android TV од Sony ви нуди сè за неколку секунди.

Звук

Создадени за слушање

Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување кое изгледа како да ве опкружува. Слушајте музика, дијалог и опкружувачки ефекти со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

DSEE претставува комбинација од нашите аудио технологии кои заедно создаваат непроменлив, јасен и богат звук.

S-Force Front ги обработува аудио сигналите за создавање на прекрасно доживување при слушањето. Директната повеќеканална обработка овозможува реалистичен и јасен опкружувачки звук од 360°.

Clear Phase детално го прилагодува фреквентниот опсег на ТВ звучниците за порамномерна и побалансирана репродукција на сите фреквенции - ниски, средни и високи.

Разгледајте ги сите функции на S85C

Видеоснимки од типот „на кој начин“

Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции
Ова е сè за што сонувате и многу повеќе. Забавата станува реалистична и ве опкружува со извонредни 4K слики со тенок и нежно заоблен телевизор.
  • Достапни во големина од 139 см (55"), 164 см (65")

  • Неверојатен заоблен екран

  • 4K Ultra HD (3840 x 2160) со 4x повеќе детали од Full HD

  • 4K Processor X1 ја изострува и оптимизира секоја сцена

  • AndroidTV ви ги нуди апликациите и содржините кои ги сакате

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот