A+Енергетска ознака и информации за производ

3mодели

Најдобри карактеристики
Откријте ги одново сите детали во Full HD

Технологијата за обработка на слика X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете исклучителна јасност во Full HD. При анализата на кадрите, секоја сцена се споредува со нашата специјална база на податоци за подобрување на сликите и намалување на шумот. Погледнете како се подобрува архитектурата во зградата со дополнителни детали.

Паметен телефон поврзан со телевизор
Попаметен начин за уживање со паметниот телефон

Понесете ги сите содржини што ги сакате од паметниот телефон или USB-уредот и уживајте во нив со прекрасни детали на вашиот телевизор со голем екран. Паметното приклучување и репродукција овозможуваат лесно споделување на видеоснимки, фотографии и музика од повеќе уреди.

Создадени за слушање

Слушањето е реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за да се добие прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате.

ClearAudio+
Дизајниран за да ви го задржи вниманието во сликата

Искористете максимум од просторот со минимизирање на каблите. Овој тенок HDR-телевизор има тенка рамка со изглед на алуминиум на рабовите за да изгледа прекрасно и лесно да се вклопи во секој животен простор. Паметното организирање на каблите овозможува прицврстување и криење на каблите на предната страна.

Спецификации и функции

Сите содржини што сакате да ги гледате ќе изгледаат реално и живописно, со совршена острина. Овој Full HD HDR-телевизор со технологија X-Reality™ PRO ги подобрува сликите за да изгледаат колку што е можно подобро.
  • Достапни во големина од 108 см (43”)

  • Висок динамички опсег

  • Full HD резолуција (1920 x 1080)

  • X-Reality™ PRO

  • Smart Plug & Play

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот