3 Модели
3 Модели

Година на моделот

Година на моделот

139 см (55")
KD-55AG9
139 см (55") 
KD-55AG9

Година на моделот

  • Ø
164 см (65")
KD-65AG9
164 см (65") 
KD-65AG9

Година на моделот

  • Ø
195 cm (77")
KD-77AG9
195 cm (77") 
KD-77AG9

Година на моделот

  • Ø

Функции

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

MASTER Series

Ние сме посветени во дизајнирањето телевизори што ја отсликуваат замислата на креаторот. Телевизорите MASTER Series ги исполнуваат критериумите на нашите инженери и реално ги прикажуваат сликите. Креаторите можат да бидат креативни и да видат како нивната визија се репродуцира во домот. 

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Слики и звук во совршена хармонија

Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси. 

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Процесор за слика X1™ Ultimate

Процесорот за слика X1™ Ultimate, со ненадмината моќ за обработка, открива стотици различни предмети на екранот и интелигентно ги подобрува светлината, деталите и боите за да можат сите содржини да изгледаат остри, светли и неверојатно реалистични.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

OLED телевизори

Вистинска реалност со длабоки црни тонови и природни бои. Прецизна и посебна контрола на повеќе од 8 милиони самоосветлувачки точки преку процесорот за слика X1™ Ultimate. 4K OLED HDR-телевизорот од Sony создава врвен и беспрекорен контраст.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Pixel Contrast Booster™: Максимален контраст во сите бои со OLED 

Благодарение на процесорот за слика X1™ Ultimate, овој OLED-телевизор нуди спој од длабоки црни тонови и природните бои на OLED со Pixel Contrast Booster™ за да добиете бои со поголем контраст при силна осветленост. Сите содржини што ги гледате стануваат пореални со врвни детали и живописни бои.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Технологија Acoustic Surface Audio+™

Исто како и во концертните сали, звукот доаѓа кон вас од различни насоки благодарение на Acoustic Surface Audio+™. Двата механизми за придвижување и двата моќни сабвуфери создаваат повеќедимензионален звук што нуди потполно ново забавно доживување. 

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Режим за централен звучник на телевизорот: Централен уред за прекрасен звук

Користете го вашиот телевизор BRAVIA како централен звучник и слушајте дијалози, вокали и инструменти со исклучителна јасност. Треба само да го поврзете вашиот систем за домашно кино за да уживате во прекрасно доживување како во кино.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Qualidade de estúdio com o Modo de Netflix calibrado

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со калибрираниот режим на Netflix се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

TRILUMINOS™ екран: Повеќе бои, повеќе брилијантност

Гледајте живописни и реални бои насекаде околу вас. Екранот TRILUMINOS™ има поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен 4K-телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Кажете што ќе посакате да видите со гласовното пребарување

Трошете помалку време за пребарување, а повеќе време за гледање. Гласовното пребарување со Android TV™ ви ја нуди моќта на пребарување на Google, овозможувајќи ви да пронаоѓате содржини од различни услуги без да трошите време за внесување текст. Може да добиете и препораки: ако побарате „романтични комедии“ на пример, ќе добиете листа со соодветни опции. 

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Прекрасен изглед од сите агли

Прегледен и минималистички дизајн што ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Блиску до ѕидот, како уметничко дело

Поставете го телевизорот на ѕид. Ќе се приближи до ѕидот исто како слика и совршено ќе се вклопи во вашата соба.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Каблите се вешто и уредно скриени

Складирајте ги каблите уредно во држачот и прицврстете ги со испорачаниот држач за кабли.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги сите преку еден паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со вграден микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за навистина едноставно користење.  

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Object-based Super Resolution

Нашите телевизори со технологија Object-based Super Resolution ги откриваат предметите во сликата и ги зачувуваат деталите на екранот. Се препознаваат стотици предмети и нивната резолуција се подобрува индивидуално за да се добие исклучително прецизна и детална слика.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Object-based HDR remaster

Со HDR преработка на предметите, боите на предметите на екранот се анализираат и нивниот контраст се прилагодува, за разлика од повеќето телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Бидејќи предметите се преработуваат посебно, овој телевизор прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Super Bit Mapping HDR

Ви нудиме илјадници тонови, нијанси и градации на светлина во зајдисонцата. Super Bit Mapping HDR ќе ви ги прикаже сите. Тој создава јасна и природна слика со 4K квалитет во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Dual database processing

Едната база на податоци се користи за чистење на сликата и намалување на шумот на екранот. Втората се користи за зголемување на резолуцијата и зголемување на острината. Овие две бази на податоци за подобрување на сликата работат заедно за динамичко подобрување на точките во реално време. Двете бази на податоци имаат десетици илјади референтни слики, собрани од филмовите и содржините што ги создаваме за телевизија во изминатите години.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Откријте ги одново деталите со 4K X-Reality™ PRO

Со 4K X-Reality™ PRO, квалитетот на сите слики се подобрува до реалистичниот 4K-квалитет со извонредна острина. Сликите се изоструваат и подобруваат во реално време, при што се откриваат дополнителни детали во книгите и архитектурата на библиотеката.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Motionflow™ XR овозможува јасни движења

Уживајте во јасни и остри детали дури и кај динамичните сцени со Motionflow™ XR. Оваа иновативна технологија создава и вметнува дополнителни слики измеѓу оригиналните слики. Таа ги споредува главните визуелни фактори на последователните слики, а потоа ги пресметува движењата кои недостасуваат и траат само дел од секундата во низата слики. Некои модели се одликуваат и со вметнување црни слики за елиминирање на заматувањето и добивање реалистичен изглед како во кино.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Chromecast built-in: Одлично се усогласува со другите ваши уреди

BRAVIA™ поддржува Chromecast built-in за проследување на вашата омилена забава, како YouTube™ или Netflix, од вашиот личен уред на прекрасниот екран на BRAVIA™. Може да проследувате од Android™, iOS™ или од вашиот лаптоп.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Google Play™: Цел свет на содржини и апликации

Откријте филмови и ТВ емисии, игри и многу повеќе од Google Play™. Уживајте во огромен избор на апликации, чиј број сè повеќе се зголемува, на потполно поинаков начин на вашиот телевизор.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Clear Phase за рамномерни и балансирани фреквенции

BRAVIA™ користи моќен компјутерски модел за анализа и компензација на неправилностите во одзивот на звучникот. Тоа се врши преку „семплирање“ на фреквенцијата на звучникот со поголема прецизност. Информациите се враќаат назад за да ги поништат ненадејните зголемувања или намалувања во стандардниот одзив на звучникот – резултирајќи со чист и природен звук и рамномерна репродукција на сите фреквенции.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

S-Force Front Surround како во кино

Уживајте во прекрасно звучно поле кое ќе ве внесе директно во центарот на случувањата. S-Force Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Поврзување преку Bluetooth®

Поврзете уреди компатибилни со BLUETOOTH® со вашиот телевизор за едноставна и безжична забава. Впарете ги вашите слушалки што поддржуваат Bluetooth® со BRAVIA и уживајте во серии и музика на омиленото место - без пречки или прекини.  

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Претворете го телевизорот во дигитален рекордер: СНИМАЊЕ НА HDD ПРЕКУ USB

Складирајте ги вашите омилени емисии на надворешен USB хард диск за да уживате во нив кога ќе посакате. Снимањето на HDD преку USB овозможува снимање со еден допир и со тајмер на дигитални емитувања на кој било USB HDD со капацитет до 2TB. Додека ја гледате серијата, само притиснете го копчето REC за да започнете да снимате, а снимањето автоматски ќе запре на крајот од програмата.  

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Минимално заматување, само кристално јасни сцени

Заматувањето е минимално дури и во сцените со брзи движења, за да уживате во јасни слики со неверојатна острина. Секоја OLED-точка може да премине од исклучена во вклучена состојба за дел од секундата. 

Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

Прекрасен поглед од сите агли

Гледајте слики што се светли и јасни од секој агол. Благодарение на OLED, може да го соберете целото семејство за да уживате пред екранот и сите ќе имаат одличен поглед кон случувањата.