СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

AG9 Series
Слика од AG9 | MASTER Series | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

139 см (55")|164 см (65")|195 cm (77")

BЕнергетска ознака и информации за производ

3mодели

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Дознајте зошто режисерите се возбудени за MASTER Series

Погледнете колку се воодушевија режисерот и продуцентите на Џуманџи: следното ниво од MASTER Series A9G кога видоа колку реалистично се репродуцираат сликите и звукот од нивниот филм.

Најдобри карактеристики
Слики и звук во совршена хармонија

Задлабочете се во моментот со реални слики и соодветна акустика. Сликите со врни детали, заедно со нашата технологија Sound-from-Picture Reality™, нудат врвни аудиовизуелни перформанси. 

Беспрекорна реалистичност

Процесорот за слика X1™ Ultimate, со ненадмината моќ за обработка, открива стотици различни предмети на екранот и интелигентно ги подобрува светлината, деталите и боите за да можат сите содржини да изгледаат остри, светли и неверојатно реалистични.

Максимален контраст во сите бои со OLED

Благодарение на процесорот за слика X1™ Ultimate, овој OLED-телевизор нуди спој од длабоки црни тонови и природните бои на OLED со Pixel Contrast Booster™ за да добиете бои со поголем контраст при силна осветленост. Сите содржини што ги гледате стануваат пореални со врвни детали и живописни бои.

Sound-from-Picture Reality™

Исто како и во концертните сали, звукот доаѓа кон вас од различни насоки благодарение на Acoustic Surface Audio+™. Двата механизми за придвижување и двата моќни сабвуфери создаваат повеќедимензионален звук што нуди потполно ново забавно доживување. 

Режим за централен звучник
Централен уред за прекрасен звук

Користете го вашиот телевизор BRAVIA како централен звучник и слушајте дијалози, вокали и инструменти со исклучителна јасност. Треба само да го поврзете вашиот систем за домашно кино за да уживате во прекрасно доживување како во кино.

Реално доживување како во кино
Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои


Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS™-екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

Прекрасен изглед од сите агли

Прегледен и минималистички дизајн што ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата.

Повлекување
Android TV
Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен 4K-телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Може да се користи со Apple AirPlay / Apple HomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI во телевизорот и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Паметен далечински управувач
Функција за пристапност
Помошна технологија на Android TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Спецификации и функции

Погледнете како се реализира замислата на режисерот со овој 4K HDR-телевизор со OLED-екран, процесор за слика X1™ Ultimate и Acoustic Surface Audio+™-звук.
  • Достапни во големина од 139 см (55"), 164 см (65"), 195 cm (77")

  • Висок динамички опсег 4K

  • Процесор за слика X1™ Ultimate

  • Acoustic Surface Audio+™

  • Android TV™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените во содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот