AF8 | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
AF8 Series
139 см (55")|164 см (65")
AF8 | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)
Најдобри карактеристики
Чекор поблиску до реалноста
Погледнете како нашиот најнов OLED-екран, процесор и технологии за звук се обединуваат за неверојатна забава со 4K HDR-телевизор.
Сè друго се засенува
Вистинска реалност со длабоки црни тонови и природни бои. Со прецизна и посебна контрола на над 8 милиони самоосветлувачки точки преку процесорот X1 Extreme™, 4K OLED-телевизорот на Sony создава исклучителен и беспрекорен контраст.
Поголема моќ, подобри перформанси, повеќе убавина
Нашиот процесор 4K HDR X1 Extreme™ врши моќна обработка на слики во реално време за да создаде извонредно детални слики. Квалитетот на сликите се подобрува до реалистичниот 4K HDR-квалитет.
Најдобриот звук што не сте го виделе
За разлика од повеќето звучници во телевизорите, звукот излегува од целиот екран и ве опкружува со нови и возбудливи забавни доживувања. Сликата и звукот се во совршена хармонија.
Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои
Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.
Говорот е забавен начин за истражување нови светови
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K HDR-телевизор со Android TV™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Дискретно дизајнирани за екранот
Овој 4K HDR OLED-телевизор има прегледен и минималистички дизајн што ви овозможува да се фокусирате на тоа што е важно - сликата.
Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот